Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во МАкедонскиот парламент со своите потписи преку писмо упатено до евроамбасадорот во Република Македонија побараа тој да се заложи за зачувување на независноста на Уставниот суд.
Ваквата реакција на пратениците на опозицијата следува откако во собраниска процедура беа пуштени имиња на истакнати партиски функционери на СДСМ со намера да бидат назначени за Уставни судии од страна на парламентот
“Со писмо до евроамбасадорот Дејвид Гир побаравме да се заложи за зачувување на независноста на Уставниот суд, бидејќи власта има намера за уставни судии да бидат избрани партиски функционери на СДСМ, спротивно на член 111 од Уставот.
Во Собранието во тек е постапка за избор на уставни судии, а намерата на власта е за уставни судии да бидат избрани истакнати партиски функционери на СДСМ, и тоа актуелната генерална секретарка на Собранието, Цветанка Ивановска и Васко Талевски, адвокат и член на Извршниот одбор на СДСМ!”
-соопшти преку социјалните мрежи пратеникот Миле Лефков од Кочани.


