ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција го претстави својот кандидат за Градоначалник на општина Берово на претстојните локални избори чиј што прв круг ќе се одржата на 17 октомври.
И тоа за првпт во историјата на оваа општина е жена.
Потпретседателот на ВМРО- ДПМНЕ Владо Мисајловски од партиската говорница од седиштето на партијата го соопшти името на Елеонора Рашковска која ќе се спротивстави на актуелниот градоначалник на Берово Ѕвонко Пекевски во трката за менаџерската позиција во општина Берово.
“Кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Берово е Елеонора Рашковска која потекнува од старо беровско занаетчиско семејство. Сопруга и мајка на ќерка и син. Магистрира на Факултетот за Труд и Социјална политика.
Работи како раководител на Подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување во Берово. Жена со голема енергија и љубов за промени во Берово.”
-соопшти Владо Мисајловски на прес конференцијата на која што беа претставени повеќе кандидати за градоначалници од редовите на опозициската партија.


