“Ги слушам деновиве како се препелкаат околу приемот на Авганистанците. Манипулациите и говорењето на невистини им стана заштитен знак на цела влада.
Прво манипулираа со бројките за кои гледаме дека секојдневно растат и вчера нараснаа на 780, па кажуваа дека ќе биле сместени во Хотели и дека за тоа сместување ќе плаќале странски невладини организации, за да вчера слушнеме дека ќе биле сместени во околината на Скопје, но од безбедносни причини не сакале да ја откриваат локацијата …
Министерот за одбрана, Шекеринска отиде дотаму да каже и дека:
Авганистанците во Македонија ќе останеле само кратко време, се до момент на нивно заминување до земјите кои им биле крајна дестинација.
Па добро бре здраворазумни луѓе, има ли некој да верува во оваа бесмислица?
Во кои тоа земји на крајни дестинации ќе заминат кога самиот им лидер Заев си кажа дека немало други земји кои се “хумани и со големо срце” како нашата? Ајде кажете една земја па може и да ви поверуваме. Лажги со опашки!
Во Вашите лаги не веруваат ни Вашите довчерашни поддржувачи.
Зошто манипулирате и не излезете да си кажете дека со Вашите неоправдани одлуки се додворувате и барате одлагање на политичката смрт?
Еве Ви еден добронамерен совет:Излезете од Вашите удобни фотељи и скапи службени возила и прошетајте помеѓу народот. Ќе видите што мисли за Вас и Вашите купи-продај национални политики.
П.С.Бидејќи на територија на Македонија законите треба да важат за сите подеднакво, од аспект на медицинските протоколи што сами ги воведовте, како планирате да згрижите 780 души на едно место или ќе ги делите на групи помали од 30 лица во склад со бројот на гости во кафеаните?
Ќе има ли дистанца од 2м за тие луѓе или за нив нема да важи?
-фејсбук статус на Драган Ковачки- член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ


