На 15 октомври светот повторно ќе биде “нападнат” од незапирливото зло именувано како Мајкл Маерс. Последното продолжение од култниот филм кој што пред 43 години го шокираше светот за првпат со своите хорор сцени и морничава атмосфера се враќа и тоа во полна пареа во новото филмско остварување именувано како Ноќта на вештерките убива (HALLOWEEN KILLS). Од она што може да се види во последниот трејлер од филмот веруваме дека обожавателите на култниот хорор класик нема да останат разочарани.

Во филмот после цели 43 години се враќа главната актерка Џејми Ли Кертис, која во трејлерот изгледа како цел живот да ја чекала својата одмазда.


