Преку своја видео порака група млади и успешни бизнисмени од Украина упатија поддршка за кандидатот за градоначалник на Делчево Д-р Николчо Стојменовски.
Контактите и големата мрежа на соработници кои што ги има Д-р Стојменовски со млади луѓе ширум Eвропа и светот се добар предуслов за развојот на Делчево во наредните 4 години. Како дел од својата стручна наобразба во минатото Д-р Николчо Стојменовски е во редовна комуникација со успешни млади интелектуалци во повеќе сфери во државите во кои што живеат и работат, што со сигурност ќе допринесе на развојот на Делчево како во поглед на инвестициските можности, така и во делот на споделување на нови знаења, технологии и пракса за брз и успешен напредок на Делчево.
Во продолжение ја пренесуваме видео пораката на овие млади успешни бизнисмени од Украина:


