• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

Во соништата во НАТО, но во реалноста – тампон зона

ноември 2nd, 2021 Колумна коментари 1079

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Во соништата во НАТО, но во реалноста – тампон зона

Во светлината на бројните дискусии за судбината на Украина, земја која не можеше да формира единствена нација за 30 години независност и растргната од меѓуетнички, јазични и економски противречности, Европа треба да си го постави прашањето – што е Украина за Европа? И ќе има само еден одговор – тампон зона, бидејќи токму овие зборови ја карактеризираат геополитичката улога на Украина во односите со НАТО и ЕУ. На НАТО и на ЕУ и е потребна Украина како тампон зона од Русија, и не е факт дека во рамките меѓународно признаените граници на Украина. Украина и е потребна на НАТО и на ЕУ без Крим и Донбас.  

Во раните 1990-ти, кога земјата сè уште не беше растурена од граѓанска војна, НАТО сериозно гледаше на Украина. Впрочем, и рускиот претседател Елцин не ја отфрли можноста за влез на Украина во НАТО. Во 1994 година, НАТО потпиша рамковен договор со Киев како дел од иницијативата Партнерство за мир.

Пет години подоцна, Украина ги покажа своите „проатлантски“ чувства со поддршка на операцијата на НАТО на Балканот. На 12 јуни 1999 година, Украина дури на неколку часа го затвори својот воздушен простор за руските авиони кои летаа кон Приштина. Сето тоа предизвика дива агресија кај дел од населението во Украина, кое се смета себеси за дел од православниот словенски свет. Но, првиот „чекор“ кон евроатлантските интеграции се чинеше дека беше направен.

Во НАТО нема место за пропаднати држави.

27 години по првите договори со Алијансата, Украина е поделена земја со граѓанска војна, со разрушена економија, корумпирана влада и нејасна надворешна политика. Нејзиниот најголем пробив во надворешната политика беше „безвизниот режим“ – можност за украинските граѓани да не аплицираат за визи за да влезат во просперитетни европски земји и да работат нелегално. Во исто време, сета помош од САД и Европа не и помогна на Украина ниту да го врати Крим ниту да постигне победа над сопствените граѓани во Донбас.

Покрај тоа, Брисел и Вашингтон силно се сомневаат во одбранбената способност на Украина. Да се потсетиме дека од земјите од поранешниот СССР, НАТО внимателно го вклучи само целиот балтички регион, кој троши 2% за вооружување, што е значително за нивните мали буџети (за споредба, Белгија троши 0,9%, Унгарија – 1,27% за одбраната).

И ако се погледнат официјалните податоци на Украина (воените трошоци во 2021 година се најмалку 5,93% од БДП), тогаш со вакви бројки, Украина треба да биде моќна воена сила која не се плаши од никого и за која НАТО со задоволство ќе ја отвори вратата . Но, воениот буџет и воените резерви одамна станаа еден од начините за заработка на украинските политички елити, а промената на претседателите и претседателските тимови не влијаеше на тоа на кој било начин. Украина добива се повеќе воена помош, која на чуден начин исчезнува на фронтот на граѓанската војна што уште тлее, и истата се препродава на трети земји. И во исто време Киев упорно бара и бара да се приклучи кон  НАТО, заедно со сите нејзини нерешени проблеми кои сака да ги остави НАТО да ги реши.

Главната улога на Украина е тампон зона

Всушност, единствената улога на Украина сега е како тампон зона. Во европскиот геополитички модел, конфликтот со неа ја одвлекува Русија од агресијата кон Европа. Меѓутоа, во Киев, овој пристап и ситуација е многу несакан. Во јуни, украинскиот претседател Владимир Зеленски апелираше до НАТО со барање веднаш да ја прифати Украина во алијансата. Тој посочи дека членството во НАТО ќе биде единствениот начин да се стави крај на конфликтот во Донбас. Генералниот секретар Јенс Столтенберг увери дека Украина некогаш ќе стане членка на алијансата, но тоа нема да се случи утре. Нормално, про-претседателските медиуми не го слушнаа второто, почнувајќи уште еднаш да му кажуваат на населението за радостите од раниот влез во НАТО. И ова и покрај фактот што позицијата на Москва за проширување на НАТО е многу цврста, влезот на Украина во НАТО автоматски значи активни мерки на Русија за обезбедување на сопствената безбедност.

Всушност, претседателската администрација на Украина добро знае дека НАТО не ја чека Украина, како и во ЕУ, па почнаа да играат нова пропагандна карта за надворешните и внатрешните потрошувачи. Тие смислија нов бренд – „Штит на Европа“. Сè додека некои земји од ЕУ продолжуваат самите да се заплашуваат со тенковите на Путин кои се движат по европските автопатишта, тоа може дури и малку да функционира.

Да, и украинската десница ќе има нова причина за гордост. Тие велат дека тие ги бранат Европејците кои заборавија што е војна со руските орди. Само затоа Путин треба да ја приграби Европа? Наједноставниот аргумент е на кого тогаш ќе му продава бензин и гас? Која е вистинската закана за Брисел од Москва? Уцена со гас? Значи, ова е „Just business“, има и други добавувачи на гас. Во меѓувреме, „Штитот Украина“ ја чини Европа се повеќе и повеќе. Киев бара да се зачува транзитот на гас за него, испораките на гас по повластени цени и да се воведат нови санкции против Москва. Во исто време, украинските политичари ги навредуваат своите соседи, не се ни обидуваат да се борат со ултрадесничарите во Украина, опасни за цела Европа и посебно за соседите. Украина и понатаму е заглавена во корупција и криминал. Значи, дали на НАТО и на Руската Федерација им треба тампон зона е веќе големо прашање. Но, дефинитивно не ни треба таков „Штит Украина“ за европски и руски пари.

Пушува: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

  • Ознаки
  • 2021
  • безбедност
  • Дарко Тодоровски
  • Колумна
  • НАТО
  • став

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Стево Суџуковиќ од СДСМ- нов претседател на Советот на Општина Берово
Следна објава Левица со поддршка за штрајкот на машиновозачите од МЖ Транспорт
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 618
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 633
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 617
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 602
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 531
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 970
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 616
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 756
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 798
Жена на денот
Софија Лорен- Последната кралица на златното доба на Холивуд

Софија Лорен- Последната кралица на златното доба на Холивуд

1583
Маж на денот
Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

1695
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201926
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201819
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201918
Медицинскиот персонал моли за заштитни сретства
Матна Брегалница

Медицинскиот персонал моли за заштитни сретства

Апр 5th, 202018
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.