• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

Безидејната македонска надворешна политика се изгуби во датумот

декември 11th, 2021 Колумна коментари 679

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Безидејната македонска надворешна политика се изгуби во датумот

Новото вето од Бугарија за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ е фијаско и голем пораз за македонската дипломатија и стратегија „Во ЕУ по секоја цена“. И покрај сите понижувања и отстапки од македонска страна, Бугарија и со техничка влада, и со нова влада која што наскоро ќе пристапи кон работа, не отстапува од своите црвени линии. Договорот за добрососедство требаше да ги приближи Македонија и Бугарија, а истиот уште повеќе ги раздвои и ги скара. Факт е дека македонската надворешна политика во однос на Бугарија е целосно промашена. Пред потпишувањето на Договорот за добрососедство, македонските власти, дипломатија требало да бидат свесни во каква авантура се впуштаат.  Македонските власти никако да разберат дека во надворешната политика има само интереси, кои што се вечни, и дека нема пријатели, а има времени сојузници.

Во надворешната политика, и посебно при склучувањето на важни меѓународни договори играњето само на една карта или План А кога си во подредена позиција на крајот води до пораз и тешки компромиси на штета на националните интереси. Само несериозни држави имаат План А, сите сериозни држави имаат за такви сценарија повеќе планови и карти во ракавот. Уште при потпишувањето на договорот со Бугарија се знаеше дека се отвара Пандорината кутија, бидејќи Македонија има централна улога во бугаската надворешна, воена и внатрешна политика во последните 150 години. Поради Македонија Бугарија ја започна Втората Балканска Војна, и зеде учество во Првата и во Втората Светска Војна. Бугарија доживеја две национални катастрофи поради Македонија. Играњето на картата дека Берлин и Вашингтон ќе извршат решавачки притисок врз Софија не се оправдаа. Париз не е заинтересиран за спорот помеѓу Скопје и Софија. Берлин е преукупиран со внатрешни проблеми и со Украина. Вашингтон е преукупиран со своите внатрешни проблеми, инфлацијата, како и Студената Војна со Кина и со Русија.

Република Македонија во овие 30 години има импотентна и нефункционална дипломатија. Министерството за надворешни работи и дипломатските претставништва ширум светот се дувло на партиски кадри и семејни кланови. Во нашите дипломатски претставништва работат нестручни кадри, кои што немаат соответно образование, немаат завршено факултет за дипломатија, МНР нема дипломатска академија, немаме дипломати од кариера. Да биде уште потрагично, голем дел од вработените не го знаат јазикот во државата каде што работат, не учеле таму, не ги знаат обичаите, традициите во таа држава. И поради тоа не ги испорачуваат потребните резултати ниту на дипломатски, а ниту на економски план. Економската дипломатија, и во 21 век дигиталната дипломатија се научна фантастика за МНР. Нефункционални сајтови, никој не одговара на службените е-мајлови, не се организираат никакви настани и манифестации. Оваа информација најдобро говори за македонската дипломатија: Од вкупно 57 дипломатско-конзуларни претставништва, Македонија нема свој претставник во 27, а меѓу нив се и позициите во Вашингтон, Пекинг и Москва.

Доколку Македонија во минатото водеше повеќе векторска надворешна политика, денес ќе имаше маневарски простор за време на преговорите со Бугарија и можноста за притисок врз Брисел и Вашингтон. Како што направи Грција за време на економската и финансиската криза во 2008 година, или како што денес прави Србија. Македонија требаше да изгради и да оддржува добри врски и конекции со Кина, со Русија, со Турција и со Израел. Водењето на едно векторска надворешна политика ни се одби од глава. На територијата на Македонија, или низ Македонија како резултат на таквата надворешна политика во моментов не се гради или не поминува ниту еден стратешки коридор, енергетски проект, или логистички центар. Државите од соседството профитираа од добрите односи и конекции со сите светски сили. Во соседните држави чести гости се светските лидери, министрите за надворешни работи на светските сили, но Македонија тие ја заобиколуваат. Преку Бугарија и Србија поминува „Турскиот тек“, во Србија се гради огромен подземен склад за складирање на гас, во Грција Кина ги модернизира пристаништата во Пиреја-Атина и во Солун, додека САД го расшируваат своето економско и воено присуство. Нашите соседи на практичен начин ни покажуваат дека може и треба да се соработува со сите светски сили.

Триеседгодишната политика на отстапки и на повлекување на внатрешен и надворешен план ја доведоа Македонија и Македонската нација пред свршен чин. За период од триесет години не успеавме да изградиме јасна национална стратегија со црвени линии, со јасни и конкретни политики и планови на внатрешен и надворешен план. Не успеавме да изградиме институции и функционален систем за доброто на граѓаните.  Ова што во последно време ни се случува е само финале на тој процес. Македонската нација е длабоко поделена и е под постојан психолошки притисок и од надвор и од внатре. Се редат поразите и понижувањата и на внатрешен и на надворешен план, а македонецот се повеќе и повеќе е разочаран и ја наведнува својата глава, наместо да се бори против системот.


Пишува: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

  • Ознаки
  • Дарко Тодоровски
  • Колумна

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Босна и Херцеговина на раскрсница. Балканот пред дестабилизација?
Следна објава Европа на прагот на голема војна?
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 618
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 633
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 617
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 602
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 531
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 970
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 616
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 757
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 799
Жена на денот
Интересни факти за Лара Фабијан

Интересни факти за Лара Фабијан

885
Маж на денот
Ден Стивенс- актерот кој започна своевидна метаморфоза низ своето актерско дело

Ден Стивенс- актерот кој започна своевидна метаморфоза низ своето актерско дело

2217
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201924
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201818
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201918
Медицинскиот персонал моли за заштитни сретства
Матна Брегалница

Медицинскиот персонал моли за заштитни сретства

Апр 5th, 202017
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.