• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

Европа на прагот на голема војна?

декември 18th, 2021 Колумна коментари 658

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Европа на прагот на голема војна?

 Ситуацијата во Европа денес се повеќе наликува на 60-тите години од минатиот век, за време на ракетната криза во Европа помеѓу САД и СССР. Денес тежиштето на тој судир се префрли од Централна Европа во Источна Европа, поточно на линијата од Талин па до Крим. Ескалацијата на ситуацијата околу Украина на виделина ги исфрли сите недоразбирања и проблеми помеѓу Западот и Русија. Постдамскиот мировен поредок како и стратешката безбедности баланс во Европа се мртви. Не е исклучена можноста доколку не дојде до договор помеѓу Москва и Вашингтон, во Европа повторно да дојде до милитаризација, трка во вооружувањето и ширум Европа да бидат распоредени оперативни стратешки ракетни системи од среден дострел. Како резултат на тоа ситуацијата се повеќе наликува на железничка катастрофа. Она што се случува е шокантно и сè уште е тешко за разбирање во првите моменти, ја менува вообичаената слика за светот, но постепено доаѓајќи во себе се поставува прашањето: што ќе се случи понатаму?

Од една страна Русија се чувствува измамена од САД и од НАТО, бидејќи при повлекувањето на советската армија од Источна Германија, на тогашниот лидер на СССР, Горбачов, од страна на Буш постариот, како и од претставници на НАТО, му биле дадени устни гаранции дека НАТО нема да се шири на исток, и да ја шири својата воена инфраструктура во близина на Русија. Но наместо тоа, НАТО и САД, особено после распадот на СССР продолжија да се шират на исток, и во НАТО влегоа скоро сите бивши членки на Варшавскиот Пакт од Источна и Централна Европа, со исклучок на Украина и на Белорусија. Сегашните а и претходните лидери на САД и на НАТО, изјавуваат дека тие дале усни гаранции на Горбачов и на СССР, но дека тие гаранции не биле писмени, и дека немаат правно обврзувачко дејство, и дека СССР се распаднал. 

За Русија од геостратешка и од воена точка, Украина, Белорусија и Грузија имаат огромно значење, особено за руската воена стратегија за стратешка длабочина уште од дамнешни времиња. Во случај на влегување на Украина во НАТО, и на распоредување на оперативни тактички ракетни системи во околината на Харков, тогаш тие ракети за само неколку минути би биле над Москва. А со тоа паѓа во вода целата одбранбена стратегија на Русија. Тоа уште во 2007 година го изјави рускиот претседател Владимир Путин за време на Минхенскиот самит за безбедност. Во познатиот Минхенски говор, со кој што ги запрепасти западните лидери, Путин тогаш изјави дека Украина и Грузија се црвените линии за Русија и за нејзината безбедност. Русија по никоја цена нема да дозволи влегување на Украина и на Грузија во НАТО. Двата последни самити на Путин и на Бајден беа поврзани со овие точки, како и разните состаноци на високи државни претставници од Русија и од САД ширум светот, како и помеѓу Русија и НАТО.

Поради тоа официјална Москва настојува Русија и НАТО мора да се вратат на условите договорени во 1997 година. Овој предлог го даде заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков. Тој истакна дека Русија и НАТО мора да се вратат на усогласеност со Основачкиот акт за меѓусебни односи, соработка и безбедност меѓу Русија и Северноатлантскиот договор од 1997 година. Според одредбите на овој договор, Русија и НАТО меѓусебно не се сметаат за противници [1].

Деновиве Министерството за надворешни работи на Руската Федерација објави нацрт-договор [2] со САД и НАТО за безбедносни гаранции, кој што во себе ги вклучува следните точки:

 📍Русија му предлага на НАТО да се обврзе да го исклучи понатамошното проширување и пристапувањето во алијансата на Украина;

 📍Русија и НАТО се обврзуваат да не распоредуваат ракети со среден и пократок дострел во области од каде што можат да ја погодат меѓусебната територија, се вели во рускиот проект;

 📍Русија му нуди на НАТО да го консолидира договорот за мирно решавање на сите спорови и да се воздржи од употреба на сила;

📍Русија и Соединетите Американски Држави не ја користат територијата на други земји за да подготват или да извршат напад едни на други;

 📍Русија и НАТО мора да се обврзат да не создаваат услови кои може да се сметаат за закана, се вели во рускиот нацрт;

 📍Русија и САД се обврзуваат да не спроведуваат воени вежби со развој на сценарија за употреба на нуклеарно оружје;

 📍Русија и САД се обврзуваат да не ја подготвуваат војската на ненуклеарните земји за употреба на нуклеарно оружје;

 📍Русија му нуди на НАТО да потврди дека меѓусебно не се сметаат за противници;

📍Русија и САД се обврзуваат да не распоредуваат нуклеарно оружје во странство и да ги вратат веќе распоредените, како и да ја елиминираат инфраструктурата за распоредување нуклеарно оружје надвор од нивната територија;

 📍Русија му нуди на НАТО да се откаже од секаква воена активност во Украина, Источна Европа, Закавказ, Централна Азија;

 📍Русија и Соединетите Држави се обврзуваат да не распоредуваат ракети со среден и помал дострел во странство и во области од каде што можат да погодат цели на територијата на другата страна;

 📍Русија предлага НАТО да не распоредува дополнителна војска и оружје надвор од земјите во кои биле во мај 1997 година (пред пристапувањето на источноевропските земји во алијансата) – освен во исклучителни случаи со согласност на Русија и членките на НАТО.

Но доколку се погледне самиот нацрт договор повеќе од јасно е дека барањата кои што Русија ги достави до САД се нереални, и дека истите САД ниту НАТО нема да ги прифатат. Русија пред САД ги претстави своите црвени линии, и ова не се позиции за преговори и трговија. Повеќе од јасно е дека Москва не очекува позитивен одговор од страна на САД, и токму поради тоа јавно ги објави своите барања. Обично во дипломатската практика барањата од таков тип не се објавуваат јавно. Москва е подготвена за преговори и трговија со САД во врска со Украина, и поради тоа преку воена дипломатија (групирање на воени единици на границата со Украина), Москва се обидува да го принуди Вашингтон на преговори не само за Украина, туку и за стратешката безбедност во Европа.

Белата куќа соопшти дека САД ги виделе предлозите на Руската Федерација, разговараат за нив со партнерите, без нивно мислење тие нема да ги разгледаат. САД разговараат за безбедносни прашања со сојузниците во Европа и наскоро ќе стапат во контакт со руската влада – Белата куќа. Од Белата куѓа добавија дека некои од предлозите на Русија за безбедносните теми биле корисни, а другиот дел неприфатливи, и дека САД ќе го достават својот писмен одговор во текот на наредната недела – Блумберг.

Од официјален Брисел објавија дека Европската унија се придржува до постојните договори во областа на безбедноста и се залага за преговори со Русија во рамките на постоечките формати, изјави на 17 декември портпаролот на службата за надворешна политика на ЕУ Петер Стано.

„Завршниот акт на Хелсинки и Париската повелба ни ги понудија клучните принципи околу кои се гради европската безбедност. За таа цел, развивме голем број механизми за градење доверба. И, покрај Советот Русија-НАТО, ОБСЕ нуди механизми кои остануваат фундаментални во секоја интеракција со Русија [3].“ Така, претставникот на ЕУ реагираше на предлогот на Москва за правно потврдување на билатералните безбедносни гаранции со САД и земјите-членки на Северноатлантскиот договор (НАТО). Според Стано, секоја од земјите има право да избере своја надворешна политика и сојузи за да обезбеди безбедност и „Русија тоа мора да го разбере и почитува“.

Украинската криза во голема мера е предодредена од позицијата на Западот и неговото преовладувачко мислење за Русија. Како и досега, овој став се заснова на целосното непризнавање од страна на Западот дека Русија има свои стратешки права, интереси и грижи во однос на обезбедувањето на нејзината безбедност. Секакви дејствија на Русија во однос на Украина не се важни – позицијата на Русија во однос на Украина и руските интереси во Украина (како и проширувањето и зајакнувањето на военото присуство на НАТО) во секој случај би биле игнорирани.


Пишува: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

  • Ознаки
  • Дарко Тодоровски
  • Колумна

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Безидејната македонска надворешна политика се изгуби во датумот
Следна објава Идеална енергетска бура во Европа
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 614
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 629
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 614
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 600
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 530
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 963
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 614
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 747
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 791
Жена на денот
Ова е ќерката на Селма Хајек која го носи товарот на славата на нејзината мајка

Ова е ќерката на Селма Хајек која го носи товарот на славата на нејзината мајка

1021
Маж на денот
Ентони Хопкинс - моќ кон сите човечки дарби

Ентони Хопкинс - моќ кон сите човечки дарби

2134
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1453
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"
Регион

Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"

Окт 9th, 201820
На 5 Мај народот ќе излезе масовно за Стево Лузер. Имаат добра програма. Bashka Parpara
Матна Брегалница

На 5 Мај народот ќе излезе масовно за Стево Лузер. Имаат добра програма. Bashka Parpara

Апр 23rd, 201919
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd, 202218
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.