• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

Идеална енергетска бура во Европа

декември 21st, 2021 Колумна коментари 639

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Идеална енергетска бура во Европа

Европа во моментот се соочува со идеална енергетска бура, пред се како резултат на зелената агенда, кризата во односите Запад Русија и на кратковидоста на европските политичари. Сега Европа, од Средоземното Море до Арктичкиот круг и до Варшава, се прашува што тргна наопаку и погрешно толку брзо и зошто европските земји се соочуваат со највисоките цени на гасот и електричната енергија во историјата, што доведува до економска штета и можни прекини и замрзнати домови и деловни објекти оваа зима.

Енергетската криза во Европа постојано се влошува, откако Франција изјави дека се соочува со потешкотии околу ремонтот на нуклеарните централи по што цените на електричната енергија на европските берзи продолжија да се искачуваат над 400 евра за мегават час (MWh) во речиси секоја земја на континентот. А Германија изјави дека и покрај историско високите цени на гасот и на електричната енергија, Германија до крајот на 2021 година ќе исклучи од функција три од шесте преостанати нуклеарни реактори. А во 2022 година Германија ќе ги исклучи и преостанатите три реактори, плус ќе затвори голем број на термоцентрали на јаглен. Тоа ќе доведе до енормно намалување на производството на електричната енергија и топлинската енергија во Германија, што ќе доведе до ново зголемување на цената на електричната енергија. Истовремено, со порастот на цената на електричната енергија, расте и цената на гасот на европските берзи, и на 21-ви декември на лондонската берза  ICE достигнаа историска цена од над 2 000 евра за илјада метри кубни. Ширум Европа во функција повторно се враќаат централите на јаглен, а некои европски држави под водство на Франција заговараат нуклеарната енергија да биде вклучена во зелената агенда.

Растот на цените на гасот во Европа се случува во позадината на прекинот на испораките на Гаспром преку гасоводот Јамал-Европа што минува низ територијата на Белорусија и Полска. Гаспром резервира само 21,6 отсто од капацитетите на Јамал-Европа за наредните денови, а исто така одби да купи дополнителни капацитети на украинскиот систем за пренос на гас за јануари. Но Гаспром задоволува само 35% од потребите со гас на Европа. Главни виновници за енормните цени на електричната енергија покрај недостатокот на гас се и тоа што во последните неколку години ширум ЕУ и се даде преголемо значење и се форсираше зелената агенда, затворање на нуклеарните централи, централите на јаглен кои што го обезбедуваа најголемиот дел од производството на електрична енергија во ЕУ Покрај тоа, на Европа и недостасува кохерентна енергетска политика од истата причина поради која не е геополитичка суперсила: институциите на ЕУ ја исклучуваат енергијата и надворешната политика од нивната извршна надлежност. Земјите-членки водат често спротивставени политики за производство на нуклеарна, гас или електрична енергија.

„Постои вистинска загриженост дека ако имаме студена зима, може да имаме прекини на електрична енергија во Европа [1]“, – го цитира објавувањето на зборовите на шефот на берзата Trafigura Џереми Вир. Според него, за да се избегне одржувањето на високите цени, Берлин би било подобро да го забрза процесот за издавање дозвола за Северен тек 2. Во исто време, одлуката на Германија да прекине со процесот на сертификација се случи во критичен момент, кога се собраа неколку фактори одеднаш: резервите на гас се ненормално мали, и складовите не се наполнети со гас, се случуваат инфраструктурни несреќи ширум Европа, ветровите се премногу слаби за да работат ветерниците, а во Германија и Велика Британија има зголемена потрошувачка на метан. Покрај тоа, зголемената побарувачка за течен природен гас во Азија доведе до повисоки цени во Европа. Како резултат на тоа, сведоци сме на совршена енергетска бура која што ја тресе Европа.

Кризата доаѓа додека голем дел од Европа се подготвува за температури под нулата оваа зима и за екстремно студена зима. Реалната зима во Европа уште не почнала, а најголем дел од Европа не е подготвена за неа. Прогнозите за надминување на енергетската криза не се оптимистички, и има се повеќе и повеќе црни сценарија. Европа ја чекаат тешки времиња, и погрешните политики и потези, најверојатно дебело ќе го чинат европскиот бизнис, и голем број на влади ширум Европа ќе се соочат со гневот на своие граѓани како резултат на порастот на цените на електричната енергија, цените за греење како и растечката инфлација. Енергетската криза ќе го забави економскиот раст и опоравувањето на ЕУ после тешката рецисија предизвикана од Ковид-19 епидемијата. Европа, исто така, планира да премине кон економија со низок јаглерод за да ги исполни барањата од Климатскиот договор од Глазгов од 2021 година. Но, обновливите извори на енергија, како што се ветерот и сонцето, можат да бидат помалку сигурни од фосилните горива, што може да предизвика некои проблеми при транзицијата на економијата.

Европа се коцкаше и Европа загуби. Русија победи и го намалува протокот на гас во Европа, понекогаш и за две третини, а потоа, каприциозно, зголемувајќи го протокот откако ќе се направи штетата – зголемувајќи ги за да ги одржи пазарите во вид и цените и иднината нестабилни. Европа погрешно се обложи на енергетскиот пазар и на спот пазарот за гас, на чекорите на Русија и надешта на енергијата од ветерот и сонцето. Скоро сè што може да тргне наопаку за Европа, тргна наопаку.


Пишува: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

  • Ознаки
  • Дарко Тодоровски
  • Колумна

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Европа на прагот на голема војна?
Следна објава КОЈ ЌЕ ПОГОДЕ КАДЕ Е “ТАЗИ ДУПКА”? ПО 4 ГОДИНИ ВЛАСТ КАДРИТЕ НА СДСМ И ДУИ ИСКОПАА ДУПКА ЗА СИСТЕМОТ ЗА ТОПЛИФИКАЦИЈА НА БИТОЛА
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 613
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 628
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 612
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 600
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 529
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 963
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 614
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 746
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 789
Жена на денот
Гламур како инспирација за секојдневието

Гламур како инспирација за секојдневието

2794
Маж на денот
Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

1899
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1449
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"
Регион

Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"

Окт 9th, 201820
На 5 Мај народот ќе излезе масовно за Стево Лузер. Имаат добра програма. Bashka Parpara
Матна Брегалница

На 5 Мај народот ќе излезе масовно за Стево Лузер. Имаат добра програма. Bashka Parpara

Апр 23rd, 201919
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd, 202219
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.