Почетокот на мојата работна посета на Соединетите Американски Држави
симболично се поклопи со одбележувањето на Меморијалниот Ден во САД; ден од огромно значење за американската Армија и војници кога се оддава почит на сите оние што ги дале своите животи во служба на нивната земја.
Во таа чест во Маунт Вернон, Вирџинија, во домот на првиот американски претседател, Џорџ Вашингтон; положив свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште како почит кон основачот на американската држава.
![]()
![]()
Северна Македонија и Соединетите Американски Држави се стратешки партнери и сојузници. Посветени сме на интензивните и блиски контакти помеѓу двете земји, а доказ за тоа е стратешкиот дијалог кој треба ќе се одржи на 2ри јуни, тука во Вашингтон, кој претставува уште повисоко ниво на соработка.
Извор: Фејсбук


