Оперскиот пеач Игор Дурловски ќе ја пее химната на Република Македонија на утрешниот голем народен протест на ВМРО-ДПМНЕ пред зградата на Владата.
Тој во свое соопштение до јавноста најави дека ќе ја пее химната со цело свое срце за сите политички затвореници, за револуционерите спомнати во химната, за сите негови критичари и поддржувачи…
“Драги пријатели,
утре во 20:00 часот ќе бидам пред влада и ќе ја пејам химната на Македонија.
За кого?
За сите оние кои ме распнуваа поради ангажманот во ,,Заедничка Македонија”, за тие кои ме напаѓаа за моето учество на парламентарните избори во 2020-тата година, за тие кои ја критикуваа одлуката да го отстапам пратеничкиот мандат, но и за ВАС кои ме поддржувате токму поради моите одлуки и постапки – никогаш отстапки.
Ќе пејам во чест на сите политички затвореници, за Гоце, за Даме, за Јане, за Питу…
Ќе пејам бидејќи да пејам од срце- најдобро знам.
-соопшти Игор Дурловски преку социјалните мрежи.


