ВМРО-ДПМНЕ со мнозина граѓани денеска излегоа на протест пред зградата на Регулаторната комисија за енергетика во чија што непосредна близина ја блокираа улицата за сообраќај.
Претставници на партијата се обидоа да влезат во зградата и да се сретната со првиот човеко на комисијата Марко Беслимовски за да му ги достават своите барања, но наидоа на затворени врати.
Од име на граѓаните кои протестираа изјава за јавноста упати Владо Мисајловски кој ги повтори барањата упатени на протестот од 9 септември од страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.


