Во текот на денешниот ден на жешката политичка сцена во Македонија, во јавноста беше видлива една особено важна разлика во практикувањето на демократијата помеѓу двете доминантни политички партии во државата.
Од една страна ја имаме демократијата и високите демократски приципи на опозициската ВМРО-ДПМНЕ под раководство на Претседателот Христијан Мицкоски, наспроти едноумието кое што на јавна сцена го промовира Зоран Заев.
Имено откако беше разговарано на лидерските средби и беше предложен 15 јули како датум за одржување на Предвремените парламентарни избори кои што кон крајот минатата година ги побара ВМРО-ДПМНЕ а кои беа одложени под налетот на пандемијата со Корона вирусот на 12 април, Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ пристапи кон организирање на седница на Централниот комитет на партијата што е највисоко одлучувачко тело помеѓу два конгреси.
Притоа на седницата на Централниот комитет пред поширокиот состав на раководствата на општинските комитети на партијата беше потврдена одлуката да се пристапи кон избори на 15 јули.
Додека од таборот на Зоран Заев одлуката за одржување на избори на 15 јули ја соопшти самиот тој на прес конференција без информација во јавност за консултации со поширокото членство на СДСМ, во стилот на голем број тоталитарни режими кои што делуваат под волјата и низ призмата на одлуки на еден човек.
Во огромна мера процесите поврзани со иднината во Република Македонија зависат од демократиjата во политичките партии и ако оваа денешна практика која беше видлива во јавноста е предвесник на она што ги очекува Македонските граѓани, се чини дека изборот на претстојните избори е Демократија наспроти едноумие.
Пишува: Кирчо Анастасов


