Оскаровецот Џорџ Клуни изјави дека Холивуд повеќе не му е приоритет и дека ќе направи пауза од глумата, иако остави можност да се врати под вистински услови.
„Бев актер долго време. Сега имам 56 години. Не сум веќе оној кој добива девојка и не би требало да бидат тип кој добива девојка“, изјави славниот Клуни.
Меѓутоа, тука се и очигледни причини поради кои таткото на петмесечни близнаци одлучил да прекине со глумата.
„Кога некој би ми понудил улога каква што доби Пол Њумен во The Verdict, секако дека би прифатил. Но, тоа не се случува често. Глумата беше начин на кој си ја плаќав рентата и другите трошоци, но ја продав компанијата за производство на текила за милијарда долари. Не ми требаат пари“, објаснува Џорџ Клуни.
Еден од најпопуларните актери на сите времиња вели и дека парите му овозможуваат да бира што ќе работи.
„Ако погледнете што работев во последните 15 години, поголемиот дел од филмовите во кои глумев не би биле снимени јас да не ги направев. Никој не би ги снимил Good Night, Good Luck, Michael Clayton или Up in the Air“, истакна оскаровецот.
Клуни призна дека политиката многу го привлекува, но дека барем за сега, нема претерано да влегува во тие води.