По подолг подготвителен период , македонските здруженија и асоцијации во Швајцарија, вчера на 16 јуни 2019 година, ги дополниија органите на толку очекуваниот Македонски Национален Совет – МНС.
Во овој турбулентен период на негирање на македонскиот народ, култура, историја и идентитет од страна на соседите, формирањето на вакво тело ќе допринесе за афирмација и промоција на македонските вредности во Швајцарија и воедно мотивација и потик за формирање на други во Европа и светот.
Очекувањата на Македонците се големи и секако легитимни да го добијат изгубеното достоинство и гордост во земјата каде престојуваат и живеат.
Ќе се настојува и залага да се продлабочат односите со швајцарските органи како и достоинствено презентирање на Македонците со матичната држава и нивен допринесе во развитокот и афирмацијата на Македонија и македонскиот народ.
Членови на МНС -Швајцарија:
Војне Манески-Благајник
Трајче Папазовски-Подпретседател
Звонко Алексовски -Секретар
Драган Стоиловски -Претседател
Триенген, 17 јуни, 2019 година
За Македонија се работи!
Превземено од фејсбук профилот на Драган Стоиловски.