Денеска кандидатите за пратеници од редовите на Коалицијата за Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ од Делчево Драган Ковачки и Христина Смилевска имаа средба со Министерот за внатрешни работи на Република Македонија г-динот Наќе Чулев.
На средбата било разговарано за актуелни прашања поврзани со изборниот процес.
Во продолжение го пренесуваме соопштението на Драган Ковачки по повод оваа средба:
“Денеска имав средба со Министерот за внатрешни работи на Република Македонија г-динот Наќе Чулев во Делчево. Поразговаравме за текот на изборната кампања, при што ја истакнав својата заложба за фер и демократски амбиент во оваа предизборна кампања. Овие избори се камен темелник за иднината на Македонија и затоа потребен е беспрекорен избирачки процес во кој што Македонските граѓани ќе можат без притисок и поткуп врз основа на својата слободно изразена волја да го изберат идниот парламентарен состав со силен легитимитет за да може цврсто да застане во Обновата на Македонија со целосен четиригодишен мандат.
Секој од нас со своето достоинствено и одговорно однесување да овозможи овие избори да бидат празник на демократијата во Република Македонија.”


