… посветено на секојдневните антихерои психопати
Бледее ноќта,
во очај го пораѓа новиот ден.
Во полумрак седната
со светкави топки
заковани за капаци
стиснати во дупки,
шетаат како сенки!
Нови луѓе,
скитници, бараат апстрактна цел
огледало со искривен лик
Се крие другата во погледот,
и се смее ли смее!
Молскавица!
Мрежа со риби полна,
и око алчно за повеќе,
се раѓа ново утро,
се раѓа светол ден
од утробата на црнилата!
Пишува: Гоце Марков


