Во четврток 21.02.2019 година во просториите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош ќе се одржи трибина под наслов
„Мајчиниот јазик – белег на идентитетот и културата на еден народ“.
Трибината е во организација на ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош во соработка со УЖ ВМРО – ДПМНЕ ОК Карпош и УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош на која свое учество ќе земат Проф. Д-р Виолета Ачковска и Проф. Д-р Иванка Василевска.
Почетокот на трибината е закажан за 19.00 часот. Се покануваат сите заинтересирани граѓани да присуствуваат.



