Откако во јавноста во изминатите денови беше актуелно присилното отстранување на Лекарот Мирослав Гроздановски од клиниката за дерматовенерологија од страна на директорот на клиниката по пат на негово прераспределување, Лекарот својата егзистенција ќе ја побара во приватното здравство.
Доктор Мирослав Гроздановски, доби отказ на три години пред пензија откако ја фотографираше погрешно напишаната табла за дерматовенерологија во поликлиниката Букурешт.
Во своја реакција до јавноста доктор Гроздановски вели дека е сигурен дека постапката за негово отстранување од клиниката каде до неодамна рабоше во јавното здравство и за здравјето на неговите пациенти е токму објавувањето во јавност на несоодветно напишаното име на таблата на клиниката.
Доктор Гроздановски соопштува дека најмногу му е жал за неговите пациенти кои веќе биле на лекување кај него, што поради суетноста на менаџментот на клиниката ќе мора да бидат прераспределени кај друг лекар.
Тој соопшти дека веќе има неколку понуди од приватни клиники и од септември ќе прифати една од понудите што му стојат на располагање, со оглед што станува збор за обезбедување на неговата лична и семејна егзистенција.


