На почетокот беше бесмртност…
Беше вкрстена генетика и благослов од Бога.
Потоа беше предавство и јаболко на раздор…
За да заврши како смртник без концепт за Револуција!?
Таа сончевина е божја убавина…таа Македонија на полја житни и зелено ливаѓе ја знам од дете. Сега гледам нешто грдо, изобличено, црно и сиво како сениште…сега гледам реплика од сцена од 1913-та, гледам срам, гледам црнила…
Првиот нож во грбот на Македонците е само канал за сета вода која ќе протече понатаму…се друго е инструменталка верзија на веќе зацртано.
Нашата генерација не смогна доволно сили да ја спаси.
Нашата генерација ќе ја спаси!!
Друг Избор немаме!
Да живее Републиката.
Да живее Македонија!


