Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Штип и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски попладнево имаа средби со граѓаните од штипските населби Три Чешми и Баби. Захариев во своето обраќање пред жителите на приградската населба Три Чешми истакна дека во изминатите четири години реализирани се 20 проекти од страна на локалната власт.
– Ни остана уште малку да напривиме училишна спортска сала и ќе ја направиме, ќе го асфалтираме патот до вашите гробишта. Во новата индустриска зона ќе имаме нови 10 фабрики. ТИР зоната е овде спроти вас, која нуди нови работни места. Нашата визија е луѓето да бидат насмеани и среќни, да отвараме нови работни места. Вие да бидете тие и да останете во вашата населба, рече Захариев.
Тој на средбата со граѓаните во населбата Баби забележа дека се завршени над 30 проекти, асфалтирани се улиците, изградена е нова спортска сала, паркови, а прво што ќе направи во наредните четири години ќе биде асфалтирање на улицата „Крушевска Република“ и останатите улици.
Груевски пред граѓаните на населбите Три Чешми и Баби забележа дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш и во добро и во лошо ќе биде заштитник на интересите на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија.
– Видовме дека СДСМ немаат ниту некои проекти, ниту некоја сериозна програма и затоа ни зборуваат за воздух, за магла, за ветер. Видоа дека не можат да не победат со работа па удрија на криминални избори, рече Груевски.
Тој при тоа ги повтори обвиненијата за поткуп, уцени, и оти дел од полицијата, се оденсувала како партиска полиција.
Груевски и Захариев на средбите со граѓаните во двете штипски населби забележаа дека програмата за Локалните избори ги содржи сите проекти, кои се на барање и се идеи на самите граѓани