Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во текот на неговата дводневна посета на Германија оствари работна средба со иселеници и членовите на задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Берлин.
Притоа од средбата тој го упати следното соопштение преку социјалните мрежи:
Се сретнав со нашите иселеници и членовите на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Берлин, Германија.
Дискутиравме за Македонија, за актуелната состојба и нејзината иднина. Македонците насекаде се загрижени за она што се случува во нашата земја, за уништената економија, за погазеното достоинство, за негрижата на власта кон граѓаните дома, но и кон Македонците надвор од нашата земја.
Картите во еден правец надвор од Македонија се најчестата алтернатива кога луѓето не ја гледаат иднината во нашата земја. Мора заеднички да се обединиме во изградбата на посветла иднина, да го искористиме сиот потенцијал за да Македонија почне да се развива, да оди со крупни чекори напред.
На Македонија и треба преобразба која ќе донесе подобар живот. За сето ова да стане можно потребно е да се порази оваа власт, криминалот и корупцијата кои тие го носат, уништувањето во сите сфери на животот кој тие го сеат зад себе.
-соопшти Христијан Мицкоски.


