Во чест на големиот православен христијански празник посветен на раѓањето на нашиот Господ Исус Христос, здружението и манифестација “Бадникови поворки” денеска ја објави новата песна со свечен и празничен призвук насловена како “Христос се роди денес – Божиќна песна”.
Во реализацијата на оваа преубава Божиќна песна учествуваа поголем број на уметници како во музичкиот дел така и во реализацијата на видео записот на песната.
Целиот проект е реализиран со аманет и соработка на свештените лица од Бигорскиот Манастир како и претходните проекти на самата манифестација а во неговата реализација од здружението “Бадникови поворки” информираат дека учествувале над 80 луѓе.
Време е да го исполниме ветувањето и да ви ја подариме најново возобновената божикна песна “Христос се роди денес” овој пат посветена на возрасните. Искрено се надеваме дека тие, гледајќи го спотот, навистина ќе посакаат да ја прифатат возобновата на древните божикни традиции со кои побожно се славело Рождеството Христово.
-упатија порака од здружението “Бадникови поворки”.
Претходно за време на подготовките на самиот проект известивме за текот и развојот на ова преубаво музичко и видео остварување.