Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев по повод 117 годишнината од кревањето на Илинденското востание и 76 годишнината од Првото заседание на АСНОМ упати своја порака во јавноста:
“Илинден е пркос на секој еден кој ја сака својата татковина. Илинденците во новото време се непокорот и чуварите на сите оние кои животот го положија за слободна Македонија, заштитници на идејата за Македонија.
Слободата и човечките правдини биле идеалот на Илинден и во 1903 и во 1944 година. Илинденците чија што борба е за човечки правдини се бореле токму против луѓе со карактерни особини како Зоран Заев и истите биле ставани на столбот на срамот.
И додека СДСМ и Зоран Заев се пазарат за Илинденците, нашите браќа и сестри по 43ти пат го изјаваа патот до Мечкин камен. Ќе им порачаме на сите предавници, НЕМА ОТКАЖУВАЊЕ И НЕМА ПОТЕГНУВАЊЕ со македонското прашање и со хероите кои крв оставија за ова парче земја!
Нека ни е вечен празникот, нека ни е вечна идејата за Македонија!”


