Најмалку 43 луѓе загинале во пожар кој избил во фабрика во главниот град на Индија Њу Делхи.
Поголем дел од загинатите се работници кои спиеле на различни катови од зградата.
Како што соопштуваат пожарникарите, 16 повредени работници се хоспитализирани, а со повреди се здобиле најмалку 56 лица.
Пожарот е угасен, но некои луѓе можеби се уште се заробени во зградата.
Повредените се пренесени низ болниците во и околу Њу Делхи, а поголем дел се хоспитализирани заради вдишување на токсичен дим, соопштуваат од полицијата.
Причините за пожарот за сега се непознати.