• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност
Историски личности

Како Македонските антички претци биле инспирација за македонската национално-ослободителната борба

јуни 2nd, 2020 Историски личности коментари 986

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Како Македонските антички претци биле инспирација за македонската национално-ослободителната борба

Подготвувачите на македонската национално-ослободителната борба биле инспирирани од нашите антички предци како нужен фактор за мобилизациjата на свеста на Македонците. Мошне укажувачко е писмото на д-р Трифун Греков од Женева напишано на 11. X. 1922 година до раководителот на Македонската федеративна партиjа во Софиjа, Н. Jуруков, во кое мегу другото се вели:

“Бев испратил статиjа до “Автономна Македонија” за Александар Велики за да биде публикувана како подлисник; настоjчиво молам за неjзиното публикување. Од капитално значење е да jа сврземе нашата кауза со старата историjа на Македониjа…”

(Н. Киров Мајски, В строја за Македонија – Исторически факти, бележки и документи, I, Софија, 1957, 110а – ракопис во АО на ИНИ, Сл. IV, 192/I).
–
И навистина, весникот “Автономна Македонија”, свесен за важноста да се публикуваат материjали од нашето подалечно минато, обjави неколку клучни статии на таа тема. Од статиите на д-р Греков се обjавени следниве:

1). “Александар Велики и идеала на Македонците” (“Автономна Македонија”, II, 76, Софија, 1922, c. 2-3)

2). “Нјаколко думи в’рху Македонцкија произход на Аристотелја” (“Автономна Македонија”, II, 91, 27.XI.1922, c. 1-2 : Dr. T. Grecow, Quelques notes sur l’origine macedonienne d’Aristote”, Bulletin pour l’independence da la Macedoine”, I, 4, Geneve, Janvier 1922, 47).

Овоj предан Македонец продолжил неуморно да работи на прикажувањето на континуитетот на македонската нациjа од антиката до денес. Во 1924 година, виенскиот весник “Македонско сознание” обjавил во четири продолжениjа “Кратка историjа на Македониjа” во коjа го дискутира тоj континуитет (“Македонско с’знание”, I, бр. 2, 6, 7 и 9, Виена, 1924, с 4).
—————————————————

Трифун Костадинов Грековски (1. VIII. 1893 – 9. VI. 1973) е македонски лекар, револуционер, публицист. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Женева (1920), каде што бил активен член на Македонското студентско друштво. Бил соработник на весниците „Автономна Македонија“ и „Македонско сознание“. Почнал да објавува „Кратка историја на Македонија“ (1924), каде ја нагласува македонската посебност и поврзаност со древните Македонци. Во 1924 г. се вратил во Гевгелија и до 1936 г. бил единствен лекар во градот. Во 1944 г. ја формирал партизанската болница во манастирот „Св. Прохор Пчински“.

Д-р Трифун Грековски (Греков) е роден на 1 август 1893 година во Ениџе Вардар, Егејскиот дел на Македонија, во имотна земјоделска фамилија. Основното образование го завршил во своето родно мссто, а средно образование продолжил во Солунската егзархиска гимназија. Неговиот татко, како и повеќето ениџевардарци, бил активен учесник во Македонската револуционерна организација. Преку него, Трифун Греков се запознал со секретарот на Апостол војвода, Коста.

Задоен со револуционерен дух, Греков уште како ученик во солунската гимназија се вклучува во напредните ученички кружоци за тоа време. Во отсуство на друга литература, учениците го читале Бакунин и друга анархистичка литература, така да анархистичкиот кружок бил илегален. Во јуни 1913 година, бил откриен и сите негови членови исклучени од гимназијата, меѓу кои и шестокласникот Трифун Греков. По исклучувањето, Греков истата година го завршува шестиот клас и матурата како вонреден ученик.

Откако во јуни 1913 година избувна Втората балканска војна, и кога со Солун и Ениџе Вардар завладејаа Грците, Трифун Греков, не сакајќи да остане да им служи на новите окупатори, со лажен пасош успева преку Италија да се префрли во Швајцарија. Таму, тој се запишува на Медицинскиот факултет во Женева, во учебната 1914/1915 година.

Во текот на Првата Светска Војна на Универзитетот во Женева студирале околу 15 студенти Македонци. Во средината на 1918 година тие формирале свое, македонско студентско друштво кое било наречено со патриотското име „Академско друштво – Македонија“. Донеле правилник за работа што им овозможило да го регистрираат своето друштво при Универзитетските власти. За претседател на друштвото едногласно бил избран д-р Анастас Коцарев, приватен доцент на Медицинскиот факултет во Женева, кој имал големи врски со видни швајцарски општественици, а во Женевското друштво на македонските студенти биле зачленети 15 македонски студенти, меѓу кои: Димитар Несторов (Струга), Благој Тошанов (Штип), А. Копанданов и Александар Крајчев (Велес), Трифун Греков (Ениџе Вардар) и други.

Дипломирал на Медицинскиот факултет во Женева (1920), а потоа работел како лекар во Швајцарија до 1924 година. Во овој период Трифун Греков продолжува со својата активност во друштвото. Тие континуирано испраќаат телеграми, апели, петиции, меморандуми во кои се бара Македонија да добие независност и сопствена држава, притоа категорички отфрлајќи ги одредбите на Сен Жерменскиот мировен договор, како и другите мировни договори со кои македонскиот народ се третираше како малцинство.

По формирањето на Меѓународното биро за заштита на правата на поробените народи со посебни отсеци за секој поробен народ, на чело на отсекот за македонскиот народ, како претставник на македонските студенти, бил наименуван д-р Трифун Греков. Друштвото како крајна можност барало Македонија да биде и под старателство на Друштвото на народите. За овој период Д-р Трифун Греков многу години потоа ќе каже: „За нас, важно беше Македонија да ја зачува својата територијална целина и да не биде поделена помеѓу балканските држави“.

На 28 јуни 1921 година Трифун Греков како член на Меѓународното биро за правата на поробените народи и секретар на Комисијата за Македонија, лично му предал уште една петиција на високиот функцинер во Секретаријатот на Друштвото на народите Хелмер Ростинг. Во петицијата било истакнато постоењето на македонскиот народ и бил даден преглед на историјата на развојот на македонското прашање и за борбата на македонскиот народ за национално ослободување. На крајот од петицијата се апелирало да биде почитуван принципот на самоопределување на народите и се напоменувало дека: „Ние Македонците бараме ова неприкосновено право на народите да се почитува… бидејќи тој не е аморфна маса, ниту несложен колектив, како што мнозина заинтересирани сакаат тоа да го тврдат“.

Д-р Трифун Греков заедно со еден од раководителите на Македонската федеративна организација арх. Никола Јуруков одлучиле да покренат списание на француски јазик „Македонски билтен за независна Македонија“ („Bulletin macedonianne pour Macedoine independance“). Списанието било под покровителство на спомнатото Меѓународно биро. Во него биле објавени статии покрај од македонски автори и од истакнати Швајцарци и големи симпатизери на македонскиот народ, како Едуард Клапаред (Eduard Claparede) и други.

Во овој период Греков соработува и со весниците „Автономна Македонија“ („Автономна Македония“) и Македонско сознание („Македонско съзнание“) во Виена. Во 1922 година, во весникот „Автономна Македония“ тој објавува статии во кои ги поистоветува Македонците со древните Македонци, со народот на Александар Македонски. Исто така во 1924 година почнал да објавува во продолженија „Кратка историја на Македонија“ („Кратка история на Македония“), во која го објаснува континуитетот на македонската нација од антика до поновата историја.

Активноста на Академското друштво „Македонија“ се чувствувала и подоцна, се` до крајот на 1923 година. Во 1924 година тоа престанува да постои откако неговите активни членови ги завршија студиите и се вратија во своите родни краишта.

Во 1924 година д-р Трифун Греков се враќа во својот роден град, но за него како лекар немало работа. Истата година тој се префрлува во Гевгелија и тука работи како единствен лекар во градот до 1936 година. Пред Втората Светска Војна бил воен лекар во Битола, а потоа во Куманово. Во 1944 година формирал партизанска болница во манастирот „Св. Прохор Пчински“. Во 1945 година бил испратен во Битола да ја организира здравствената служба, од каде што во 1951 година бил назначен за лекар во Велес. Од 1954 година па се` до пензионирањето во 1962 година работел во Гевгелија.

Д-р Трифун Греков како пензионер живее во Гевгелија се` до својата смрт на 9 јуни 1973 год.

Превземено од: Види Види

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Накратко планот на СДСМ за спас на кариерата на Зоран Заев
Следна објава Инфицираната нормалност на новото живеење!
Може да Ве интересира:
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 565
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 567
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 585
И денес времињата не се нешто многу поразлични: На денешен ден се убиени 5-те струмички студенти
Историски личности

И денес времињата не се нешто многу поразлични: На денешен ден се убиени 5-те струмички студенти

август 13th, 2022 527
Јордан Пиперката изворно ги запознал дворските игри на Бугарија во односот кон ослободителното движење во Македонија
Историски личности

Јордан Пиперката изворно ги запознал дворските игри на Бугарија во односот кон ослободителното движење во Македонија

август 10th, 2022 576
71 година од смртта на Македонскиот револуционер Панко Брашнаров
Историски личности

71 година од смртта на Македонскиот револуционер Панко Брашнаров

јули 13th, 2022 577
Смртта на Чакаларов била голема загуба за Македонија. Неговото дело живее ден-денеска
Историски личности

Смртта на Чакаларов била голема загуба за Македонија. Неговото дело живее ден-денеска

јули 9th, 2022 508
На денешен ден после сурово измачување е убиен Цветан Димов од бугарските фашистички окупатори
Историски личности

На денешен ден после сурово измачување е убиен Цветан Димов од бугарските фашистички окупатори

јули 9th, 2022 549
На денешен ден во 1921 година во Софија е убиен Ѓорче Петров
Историски личности

На денешен ден во 1921 година во Софија е убиен Ѓорче Петров

јуни 28th, 2022 491
Жена на денот
Ова е ќерката на Селма Хајек која го носи товарот на славата на нејзината мајка

Ова е ќерката на Селма Хајек која го носи товарот на славата на нејзината мајка

970
Маж на денот
Пирс Броснан- Еден од најубавите и најуспешните мажи во светот

Пирс Броснан- Еден од најубавите и најуспешните мажи во светот

1923
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 779
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202236
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202128
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201924
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.