Во изминатиот период од воспоставувањето на власта од страна на Зоран Заев и СДСМ во Македонија постои трендот на намалување на процентот на излезеност на гласање од страна на граѓаните на избори.
Оваа појава не е случајна туку добро организирана и најскапо платена пропагандна активност на структури под контрола на власта преку платени новинари, медиуми и социјални мрежи. Целта е да се прошири јавно мислење помеѓу граѓаните дека џабе излегуваат на гласање, дека ништо не зависи од гласот на самите граѓани, дека некои странски центри на моќ одлучуваат кој ќе биде власт и работите не можат да се променат на подобро.
Наративот на “Курто и Мурто” или “Сите се исти” кој што е присутен во јавноста е генериран токму од тие структури под контрола на власта на која и одговара помала излезеност на избори со што преку своите можности за влијание од позиција на институции со одредени таргет групи да можат да се одржат на власт што е можно подолго.
Овие наративи служат за пасивизација на политичката волја на електоратот преку дискредитирање на ВМРО-ДПМНЕ која што е единствена политичка сила која што може да го собори од власт Зоран Заев со сите негови штетни политики. Тезата дека сите се исти преку која се прави споредба на ликовите од власта со раководството на ВМРО-ДПМНЕ е длабоко погрешна и штетна затоа што се споредува власт која ги има сите линии на одговорност за катастрофата во која се наоѓа Македонија со опозиција која што има ограничени можности за влијание на политичките процеси во државата.
Ваквата кампања за пасивизација на политичката волја на Македонските граѓани со цел граѓаните да ја препуштат државата на милоста и немилоста на Зоран Заев и партизираната држава, е операција која постојано ја водат дел партиски и дел разузнавачки структури на СДСМ на кои што специјалност им е формирање на психолошки профили на поедини таргет групации кои преку разно-разни канали на влијание и дебело платена пропаганда го наметнуваат овој “Курто-Мурто” наратив кој што навидум од прва рака личи дека доаѓа од т.н. про-патриотска структура на граѓани од народот кои над се се грижат за Македонскиот национален идентитет и во суштина кажуваат дека нема алтернатива на ненародната политика на Зоран Заев. Притоа ваквите пропагандни центри не бираат сретства за дискредитација на Христијан Мицкоски и актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ кои единствено реално можат да го обединат народот против актуелната власт, иако Зоран Заев е најодговорниот човек за состојбите во Македонија кон кого треба да биде упатена целата критика.
За ваквата операција која ја спроведува владеачката СДСМ врз сопствениот народ проговори и Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во дебатата во емисијата “Јади Бурек” со домаќинот Јанко Илковски во сл. видео во продолжение помеѓу 25 и 29 минута:
Пишува: Анастасов Кирчо