Македонците имаат право да се борат за својата слобода и независност!
Платеници, предавници за туѓи интереси, кодоши поради личен бенефит, бизнисмени кои работат на распродавање на слободата и независноста на Македонскиот народ секогаш имало и ќе има.
И поделбата меѓу слободните и независни Македонци со ваквиот џган присутен во Македонското национално битие, е основа на слабоста на Македонската државност.
На овој простор сите странски сили знаат дека единствен начин да се уништи Македонскиот национален дух е преку поделба.
Таа поделба се стимулира преку внатрешни политички и разузнавачки центри, смислено и организирано, како Македонските интереси да бидат потчинети на странските.
Овој неоколонијализам над Македонија трае со векови!
Ова денес што ни се случува во историски рамки е само капка во морето. Нашата борба треба да биде базирана на знаење, разум, вистина, заедништво и таа трае непрекинато.
Наша обврска е да се бориме за слобода и независност на нашиот- Македонскиот народ.
Се додека има Македонски народ ќе постои Македонија.
Пишува: Кирчо Анастасов