Претседателката Kолинда Грабар Китаровиќ се огласи после смртта на маестралниот и безвременски Оливер Драгоевиќ, и упати искрено сочувство до неговото семејство.
“ Почитувано семејство Драгоевиќ, со длабоко жалење и тага ја примив веста за смртта на Оливер Драгоевиќ, музичар и единствен уметник на даламтинскиот звук кој нас тој глас не следи цел живот, не тешеше во нашата тага, не освежуваше во нашите љубови и ги развеселуваше нашите веселби и радости. Песните на Оливер не пратат од детството и затоа неговиот глас не можеме да го заборавиме, бидејќи е испреплетен со најсреќни, најтажни моменти од нашите животи. Тој беше омилен низ цела Хрватска, а и пошироко.”
напиша Колинда.