Меѓународниот монетарен фонд ја одобри новата програма за Северна Македонија преку Кредитната линија за претпазливост во рок од 24 месеци.
Во првата година имаме зелено светло за повлекување на 110 милиони евра. Овие пари се наменети за финансирање за поддршка на буџетот, за поддршка на девизните резерви што е важно во оваа криза кога има енормно покачување на цените на енергенсите кои ги увезуваме.
Одобрувањето на овој инструмент е големо признание од страна на ММФ за економските и фискалните политики што ги презема оваа Влада.
-фејсбук статус на Димитар Ковачевски: Премиер