• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна
Репортажи

Крим – Дијалог на културите: Русија – Балкан

јуни 10th, 2022 Колумна, Репортажи коментари 692

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Крим – Дијалог на културите: Русија – Балкан

Крим е спој на невидена природна и божествена, духовна убавина, место каде што има огромна животна и духовна енергија и сила. Не случајно за Крим важат изреките дека „Крим е златен орден на градите на планетата Земја“ и дека „Крим е бисер на светот“. Кримскиот полуостров и неговите преубави плажи ги заплискуваат водите на Црното и на Азовското море, а во внатрешноста на Крим се извиваат планини кои што на Крим му даваат посебна убавина и шмек. Крим е колевка на сите периоди од човечката историја, и на секоја педа од кримската земја можат да се видат остатоци од таа богата историја. Почнувајќи од праисторијата, античката историја, средниот век и покрстувањето и примањето на православното христијанство на Књезот Владимир и на русите, па се до периодите на двете Светски Војни, и до современиот период. Крим е преполн со архиелошки локалитети, стари цркви, манастири, џамии, тврдини, безброј палати и дворци.

Без разлика на сложната меѓународна ситуација и односи во светот и особено околу Крим и регионот, од 22-ри до 27-ми мај во Крим се оддржа вториот меѓународен младински форум „Дијалог на културите: Русија – Балкан“, на кој што учество зедоа 40 студенти и претставници на младински организации од Русија, Македонија, Србија, Бугарија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, поточно Република Српска. Организатори се Бугарскиот културен центар „Извор“ и Регионалната бугарска национална-културна автономија на Крим „Пајсије Хиландарац“ и локалната бугарска национално-културна автономија на градскиот округ Симферопол.

Учесниците на форумот упатија моќна порака дека „Силата е во единството и во правдата“, и се заложија за зачувување на историјата, и на културното и духовното наследство, како и за градење на заедничка иднина помеѓу Балканот и Крим. Според учесниците на форумот, секоја криза покрај опасностите кои што ги крие во себе, нуди и море можности, и ние сме должни да ги искористиме можностите, и да работиме на заедничката иднина помеѓу Балканот и Крим. „Во овие тешки моменти, пожелно е да заминете од овде со свое мислење. Нема да ви наметнуваме мислење, вие самите ќе го формирате. Дојдовте и гледате што се случува и како Крим живее, а ние ќе продолжиме да гледаме како ќе ги развиваме нашите односи со вас и со Балканот“ – Иван Абажер,  Претседател на Регионалната бугарска национално-културна автономија на Крим „Паисије Хиландарац“, член на Граѓанската комора на Русија и Крим.

Воедно, тој апелираше до младите да ги негуваат своите културни и духовни вредности, верба и единство, нагласувајќи дека успехот во иднина ќе зависи од разбирањето на историјата и актуелните околности.

Људмила Радева, заменик-претседател на Регионалната бугарска национална културна автономија на Крим, испрати порака до сите што читаат и пишуваат на кирилица.

„Нашата цел е младите да се потсетат на своите корени, на пријателството кое долги години ги поврзува нашите земји, на нашите историски, духовни и културни врски за да ја зачуваме азбуката. Не се само буквите, тоа е нашиот цивилизациски код, она што не направи Словени, ја обликува нашата култура. Ви се обраќаме на сите – чувајте го мајчиниот јазик и азбуката“, рече Радева.

24-ти мај, на Денот на Словенската писменост и култура, учесниците на форумот го посетија Херсонес, место кое што во 867 година го посетиле светите апостоли и просветители Кирил и Методиј, а во 861 година Херсонес бил посетен од светиот апостол Кирил (Константин). По тематската екскурзија низ остатоците од античкиот град Херсонес, како и заедничката молитва во катедралата Свети Владимир, протоереите Сергиј Хаљута и Стефан Сломчински одржаа духовна и филозофска проповед за смислата на животот, потсетувајќи дека словенската азбука е создадена пред сè за нашите народи да го проучуваат Светото писмо, и да влезат во кругот на цивилизираните народи. Кирил и Методиј со својата мисија ги поставиле темелите на Словенската цивилизација. Во античкиот амфитеатар во Херсонес, беше оддржана театарска претстава под името „Легендата на Кирил и Методиј“ од страна на студентите на Кримскиот универзитет за култура, уметност и туризам.

Следеше научна конференција на тема Крим и Балканот, а учесниците на форумот настапија со научни доклади за зачувување на духовното и културно единство, како и за геополитичката слика на светот и на црноморско-балканскиот регион.

Програмата на форумот беше многу богата: покрај Симферопол, Севастопол, Јалта, учесниците посетија неколку од симболите на Крим – споменикот на потопените бродови во Севастопол, замокот „Гнездо на ластовицата“, како и Ливадискиот дворец, поранешната летна резиденција на руските императори од династијата Романови, како и дворец каде што во февруари 1945 година беше оддржана познатата Кримска конференција помеѓу лидерите на државите победници во Втората Светска Војна.

Последниот ден од форумот го одбележа важен настан – учесниците го посетија Спомен-обележјето на жртвите од нацистичката окупација на Крим за време на Втората светска војна – „Концентрационен логор Красни.“ Учесниците се запознаа со историјата на окупацијата на полуостровот, која траела од 1941 до 1944 година, при што на Крим биле убиени 220 000 цивили, а во логорот „Красни“ фашистите мачеа и убија повеќе од 15.000 цивили, меѓу кои што и деца, меѓу кои и неколку деца на едногодишна возраст. Во салата на меморијалниот комплекс гостите на полуостровот разговараа со претседателот на Државниот совет на Крим, Владимир Константинов, кој ја презентираше својата оценка за настаните кои се актуелни во светот денес, како и за Кримската пролет во 2014 година, во која што активно учество зел и самиот Константинов.

„Спроведувајќи го референдумот на Крим, сите напори ги насочивме кон почитување на сите правни норми, нашиот Устав, Уставот на Украина од 2014 година, Уставот на ООН, се обидовме да ја почитуваме секоја точка за да не бидеме обвинети за некои неправилности. Но, тоа веќе никому не му треба. Западот ги има сите права, а на другите правата што им ги даваат. Велат „признаваме“, па нема потреба од одржување референдум, како што беше случајот во Косово. Никој ништо не одржа, само рекоа „Косово сега е држава“. Ние одржавме референдум, согласно Уставот, реагиравме на нелегалниот пуч во Киев во кој беа убиени стотици луѓе, меѓу кои и голем број кримјани. Го заштитивме нашиот идентитет во согласност со Повелбата на ОН“ објасни Константинов.

Учесниците на форумот дадоа интересен предлог за создавање на информативен ресурс кој ќе им овозможи на жителите на Балканскиот Полуостров да читаат објективни и точни информации за настаните на Крим и Русија, кои не се доволни.

Шефот на Државниот совет на Крим вети дека ќе ги поддржи и им се заблагодари на учесниците на форумот, нагласувајќи дека нивната одлука да го посетат Крим во сегашната ситуација е храбра.

Она што ги обединува Крим и Балканот се словенството, православието и кирилицата, и народите на Крим и на Балканот се блиски на духовен, културен и историски план. Крим е место кое што обединува различни култури, народности, традиции и религии. На Крим сложно и во просперитет живеат 175 народности, кои што ги почитуваат своите традиции, култура, историја и религии. Не случајно мотото на Крим е „Просперитетот е во единството.“ Секој патник кој што го посетил Крим, во своето срце понел дел од Крим, и од неговата божествена убавина.

Пишува: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар



  • Ознаки
  • Дарко Тодоровски
  • Колумна
  • Крим
  • Русија
  • соработка

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Средба на врвот на ВМРО-ДПМНЕ со кинескиот амбасадор во Македонија
Следна објава Советот на Општина Кочани ја одржа 13-тата седница
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 563
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 571
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 569
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 548
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 475
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 901
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 573
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 711
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 704
Жена на денот
Силви Факон и нејзините неверојатно рачно изработени фустани

Силви Факон и нејзините неверојатно рачно изработени фустани

634
Маж на денот
Скот Аткинс - Боречки  уметник кој го води актерството

Скот Аткинс - Боречки уметник кој го води актерството

1349
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4275
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

Ное 21st, 202218
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.