• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Мицкоски од Штип: ВМРО-ДПМНЕ како досега ќе победи и на предвремените градоначалнички избори

октомври 23rd, 2020 Политика коментари 579

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Мицкоски од Штип: ВМРО-ДПМНЕ како досега ќе победи и на предвремените градоначалнички избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од собирот пред училиштето во кое своевремено што учителствувале Гоце Делчев и Дамјан Груев од каде ја развивале мрежата на Македонската револуционерна организација илегално се обрати со своја изјава во јавноста во која упати неколку свои убедувања и критика на актуелната ненародна власт во државата.

Тој во една од своите поенти се осврна на претстојните предвремени градоначалнички избори кои ќе се одржат во овој своевиден центар на Брегалничкиот регион на 13 декември, го изрази своето убедување дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на истите при што граѓаните ќе добијат градоначалник кој ќе реализира и спроведува проекти кои што се од нивни интерес и подобрување на нивниот стандард.

Во продолжение интегрално ја пренесуваме изјавата на Христијан Мицкоски во која тој зборува и за повеќе останати прашања:

“Најпрво ќе ми дозволите од името на ВМРО-ДПМНЕ на сите македонски граѓани да им го честитам денешниот ден, да им го честитам празникот кој што ја симболизира Македонската револуционерна борба. Практично ден со кој што сите македонски граѓани се горди бидејќи на овој ден е создадена организацијата која што понатаму се борела за независна современа македонска држава. А неминовен дел и нераскинлива алка на 23 Октомври е практично Штип и можеби би рекол еден од основните и фундаменталните алки кои што се некако историски поврзани со Македонската револуционерна организација и денеска сме овде во Штип, ако започнавме со оној собир пред собранието каде што рефлектиравме одредени позиции за актуелни теми на ВМРО-ДПМНЕ, за актуелни теми кои што се реалност за граѓаните, изјави денеска од Штип лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Денеска овде од Штип сакам да упатам и останати три пораки кои што се може исто така значајни. Патувајќи наваму од соработниците дознав дека ниту еден претставник од владата од високото раководство на СДСМ кој што е платен од парите на граѓаните денеска не одвои неколку минути да положи цвеќе на спомениците кои што ги рефлектираат позициите на јунаците, дејците, на апостолите кои што животот го дадоа за македонскиот народ, за граѓаните на Македонија, за современата македонска држава. И тоа е за секаква осуда и јас навистина жалам што после едни такви наместени талибански украдени избори денеска ова раководство себеси си се нарекува влада во Македонија.

Втората позиција која што сакам да ја кажам е токму овде од Штип и за Штип бидејќи во минатото бевме навикнати на успеси на проекти, нови фабрики, универзитети, луѓе кои што беа среќни и кои што беа задоволни од секојдневието. Но, за жал денеска ние не можеме 4 години веќе да се пофалиме, дури не можеме ни да го одвоиме тоа што на времето беше изградено за Штип, да го зачуваме и тоа да го надградиме, а камо ли да зборуваме за нешто што е ново изградено, некој нов пат некоја нова улица, некоја нова фабрика. Напротив, гледаме како фабриките се затвараат, луѓето се разочарани а за жал се помалку има студенти, се помалку има штипјани во Штип. Својот леб, лебот за сопственото семејство го бараат надвор од Штип, надвор од Македонија.

И третата последна работа и порака која што сакам од овде, од Штип да ја пренесам, е фактот што ВМРО-ДПМНЕ на изминатите избори победи, победи и на претседателските избори и на првиот и на вториот круг, а така ќе биде и следните предвремени градоначалнички избори кои што ќе се случат овдека во Штип.

Кандидатот кој што ќе го предложи ВМРО-ДПМНЕ, очекуваме поддршка од сите штипјани, практично од сите оние кои што денеска се незадоволни од изминативе три години раководење на актуелниот министер за транспорт и врски, а поранешен за среќа на штипјани градоначалник, тоа е господинот Бочварски.

Да престанат олигарси, да престанат бизнис семејни интереси во Штип, да престанат бизнис семејни транзициони интереси низ Македонија рефлектирани низ семејствата кои што во Штип изминатиов период практично пустошат а штипјани се тие кои што се незадоволни од таквиот начин на однесување.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ на следните предвремени градоначалнички избори очекува масовна поддршка од штипјани што впрочем и ќе значи нов ветар, нова енергија која што ќе ја навести и победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на следните локални избори кои што ќе се случат за помалку од една година од денес. Штип во минатото секогаш бил предвесник на промените, така ќе биде и овој пат.

Во Штип на следните градоначалнички избори се брани Македонија, тоа не се обични избори и затоа ги повикувам штипјани да излезат и заедно во првите редови да ја одбраниме Македонија од ова денешно секојдневие кое што и се случува, секојдневие на пљачка, криминал, корупција, понижувања и омаловажувања.

Да победат проектите, да победи новата иднина, вистинската иднина, и за Штип и за Македонија, истакна Мицкоски.”

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Весела географија на Македонија (чат) пат: Софиџа, Коцани, Пробистип...
Следна објава -Едно велат, друго прават, трето излегува: Достапно образование за сите - жити ланскиот снег
Може да Ве интересира:
Даниела Христова: Наместо да гласаат приоритети за помош на граѓаните, власта го нудат Пенов за Министер
Македонија

Даниела Христова: Наместо да гласаат приоритети за помош на граѓаните, власта го нудат Пенов за Министер

октомври 26th, 2022 416
Во сабота камен темелник за нова инвестиција во Тетово со помош од државата од 130 мил. евра. За истокот "тупалото од тапанот"
Македонија

Во сабота камен темелник за нова инвестиција во Тетово со помош од државата од 130 мил. евра. За истокот "тупалото од тапанот"

август 11th, 2022 732
Генералка во с. Градец, виничко. Продолжуваат интензивните дневни активности на ЈП "Солидарност"
Македонија

Генералка во с. Градец, виничко. Продолжуваат интензивните дневни активности на ЈП "Солидарност"

јули 29th, 2022 595
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и предавникот Ковачевски знаат дека народот е силно против бугаризација, и затоа бегаат од референдум
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и предавникот Ковачевски знаат дека народот е силно против бугаризација, и затоа бегаат од референдум

јули 27th, 2022 537
Ковачки: "Само видете кои лица, партии итн. се ЗА бришење на идентитетот и за бугаризација на Македонците и ќе ви стане јасно
Македонија

Ковачки: "Само видете кои лица, партии итн. се ЗА бришење на идентитетот и за бугаризација на Македонците и ќе ви стане јасно

јули 4th, 2022 655
Камерите во собранието фатија кадри како пратениците на власта се договараат да одат да јадат... луксуз кој многу граѓани го немаат
Македонија

Камерите во собранието фатија кадри како пратениците на власта се договараат да одат да јадат... луксуз кој многу граѓани го немаат

јуни 29th, 2022 1991
ДУИ подгрева ниски страсти, додека Ковачевски, Маричиќ и Османи преговараат за бугаризација на Македонија
Македонија

ДУИ подгрева ниски страсти, додека Ковачевски, Маричиќ и Османи преговараат за бугаризација на Македонија

јуни 28th, 2022 575
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пружија поддршка на протестот на ССМ пред парламентот
Македонија

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пружија поддршка на протестот на ССМ пред парламентот

јуни 22nd, 2022 704
Рушењето плафони во институции не е ништо ново за актуелната власт
Македонија

Рушењето плафони во институции не е ништо ново за актуелната власт

јуни 14th, 2022 562
Жена на денот
Гламур како инспирација за секојдневието

Гламур како инспирација за секојдневието

2801
Маж на денот
Џим Морисон и работите кои никогаш не излегле во јавност за него

Џим Морисон и работите кои никогаш не излегле во јавност за него

1951
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201923
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201918
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201918
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201818
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.