Интегрален текст на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,
Власта и министерката за образование и наука, Мила Царовска воопшто немаат намера да обезбедат калитетно и европско образование.
На 22 октомври 2020 година се изгласа Резолуција за дигитална еднаквост во образованието во ЕУ во која се повикуваат земјите-членки да направат амбициозно користење на средства достапни преку планот за закрепнување. Целта е да се поттикнат инвестиции во образованието и се поттикнуваат земјите-членки значително да ги зголемат јавните трошоци за образование.
Ако за министерката Царовска навистина вистинскиот пат е ЕУ тогаш не смееше да си дозволи со сегашниот ребаланс на буџетот да се кратат средства за образование и наука, впрочем како што власта дозволи да се случи и со претходниот.
Дали на овој начин планирате да воведете конкретни мерки за затворање на „дигиталниот јаз“?
Според вашите информации 12% од учениците во Македонија немаат пристап до образованието во време на пандемија. Кои конкретни и ефикасни мерки ги воведовте за надминување на нееднаквоста во пристап до дигиталните алатки во образованието?
Министерке Царовска, Европа повикува да се поттикнат инвестициите во образованието, а не да се кратат средства!Нели велите дека ни е неопходно квалитетно образование за сите?Со власта на СДСМ нема ниту образование достапно за сите, ниту квалитетно и европско образование.