Јубилејот – 90 години од основањето на Музејот „Др. Никола Незлобински“ во Струга, ќе биде свечено одбележан со низа изложби, научни излагања, промоции и слично.
Програмата започна на 27 ноември, во 13.00 со историско документаристичка изложба „Русите во Македонија“ каде ќе се обратат и претставници од руската амбасада, а изложбата ќе се оддржи во Галерија „Ванѓел Коџоман“. Изложбата под наслов „Во допир со минатото“ ќе прикаже предмети од археолошки локалитети од струшкиот регион: локалитет „Св.Илија“, Делогожда; Локалитет „Голача“, с.Ташмаруништа; Подводен локалитет „Врбник“ Струга; локалитет „Куќа на Караѓуле“, а ќе ја отвори Академик проф.др. Вера Битракова Грозданова. Животот и делото на Д-р Никола Незлобински, ќе биде претставен со прикажување на дигитализирани фотографии од збирката оставштина од Незлобински и неговиот тим на соработници. Оваа збирка е премногу важен документ за Струга и Струшко во минатото.
Изложбата ќе биде поставена во зградата на природонаучната збирка, на 30ти ноември, во 13.00 часот.