Авторот на Македонската Рок Енциклопедија која беше издадена оваа година, Тошо Филиповски на својот фејсбук профил за наредната година најави издание на уште едно капитално дело кое се однесува на музичката сцена во Македонија во изминатите 40 години.
Притоа самиот автор апелира на поддршка од заинтересирани независни спонзори и финансиери кои би можеле да ја поддржат публикацијата на ова капитално издание.
Во продолжение ја пренесуваме во целост неговата објава на фејсбук:
Почитувани пријатели, лични и од facebook – Во средата, во предвиденото време, исполнив уште една “граѓанска должност” – аплицирав на редовниот годишен конкурс во Министерството за Култура.
Месец дена пред тоа го испочитував и конкурсот во Град Скопје. Тоа значи дека сум навлезен во фазата на собирање на средства за објавување на втората книга, која ќе ја одбележи 50 годишнината од почетокот на дискографското (винилно) творештво на Македонската рок сцена, книга која веќе ја најавив – “Македонска Рок Дискографија 1969-2019, Винили”.
Работата/подготовките оди со предвиденото темпо, и како што ветив – промоцијата ќе биде во Мај 2019 година. Се надевам дека по објавата на резултатите на овие два конкурси ќе нема тензични ситуации како минатата година….искрено верувам дека овојпат во Комисиите во Министерството за Култура и во Град Скопје ќе бидат вклучени и личности/музичари кои ја познаваат/или и самите се дел од урбаната (пред се музичка – рок – сцена) и кои ќе знаат/можат/сакаат да подржат проекти кои потекнуваат и се однесуваат на рокенрол заедницата – меѓу нив и споменатата монографија (500 full color А 4 страници со бонус 10” винилна компилација).
Но, за да не оставам се на нечија добра волја/лоша проценка, овде, преку социјалнава мрежа, ќе се обидам да го понудам (еве го нудам) проектот/монографијата и на заинтересирани комерцијални спонзори кои можеби во неа ќе препознаат интересен производ преку кој може да претстават своја реклама/бренд….или можеби ќе се најде некој мецена/љубител на рокенролот кој ќе посака да ја поддржи истражувачката приказна или печатењето на книгата.
Бидејќи никогаш не сум бил со само еден проект на кој работам (паралелно ги средувам и информациите/податоците/контурите за уште 3 капитални изданија поврзани со историјата на Македонската Рок Сцена), поддршката која ја барам се однесува/ми е потребна за еден подолготраен истражувачки процес кој изискува и посветеност (неа ја има во изобилие) но и финансиски средства и техничка опременост (со обете особено лошо стојам ) – потребни за патување, “копање”, обработка, дигитализирање, архивирање, објавување…..
Можеби е невообичаен начин но ете, доколку знаете/сте некој кој може да помогне – би бил благодарен ако само и добијам некој контакт каде да се обратам – со кого да поразговарам. Во најмала рака, и добар муабет и морална поддршка … едно кафе-муабет…..значат многу.
Притоа Тошо Филиповски најави цела агенда на активности поврзани со промоцијата и популаризацијата на неговото претходно издание со која Македонската рок Енциклопедија ќе биде промовирана во повеќе прилики и локации ширум Македонија.
Ова е неговата најава за оваа активност:
Драги пријатели, со огромно задоволство ги најавувам новите две активности поврзани со “Македонска Рок Енциклопедија (1963-2018), Прв Том” !!!!
– петок (23.11.) Скопје;
Кратко предавање за “Историјата на Македонската Рок
Сцена”, и промоција на Македонската Рок Енциклопедија
пред студентите на Факултетот за Музичка Уметност во
Скопје – благодарност до професорката Јулијана Жабева.
– среда (28.11.) – Пионерски Дом – Гевгелија, 20:00 часот.
Промоција на Македонската Рок
Енциклопедија….благодарение на Мими Стојанова.
Повеќе детали за обата настани…деновиве )
Се надевам дека наскоро, освен договорената промоција во Гевгелија, ќе следуваат и други промоции низ Македонија…..Прилеп, Велес, Кичево, Гостивар, Струга, Демир Капија, Демир Хисар, Македонски Брод, Кратово, Радовиш, Пробиштип, Виница, Берово, Пехчево, Делчево, Струмица, Валандово, Неготино…..уште многу урбани средини во кои “Македонска Рок Енциклопедија” не е достапна за љубителите….а ниту е направена промоција….Искрено верувам дека ке добијам покана и од овие градови, и во наредните неколку месеци ќе ја прошетаме цела Македонија…таман до објавата на мојата следна книга, монографијата: “Македонска Рок Дискографија, 1969-2019 (Винили)”
Продажни места во Македонија и надвор од неа….
mail-order (Corpus Delicti Records)
AП(o)TEKA – МКЦ, Скопје
Книжарница ЛИТЕРАТУРА.МК – Скопје
ЈУГОТОН – ГТЦ, Скопје
Книжарница ИЛИ-ИЛИ – Скопје
Кафе Бар COFFEIN – Лептокарија, Скопје
Кафе Бар CONCEPT 37 – ул. Рузвелтова – Скопје
Книжарница КУЛТУРА – Центар, Скопје
Книжарница ТРИ – Дебар Маало, Скопје
Книжарница ТРИ – ГТЦ, Скопје
Музички Инструменти ДО-РЕ-МИ – МКЦ, Скопје
Книжарница АРТ КАФЕ – Штип
Комисион ШИШКО – Кочани
Книжарница УРБАНИУМ – Битола
ШИШМАН Рекордс – Битола
Книжарница ХАРТИЈА Комерц – Тетово
Мезе Бар БУРЕ БАРУТ – Тетово
Книжарница SAGA GROS – Гевгелија
Книжарница ВИКЕЛИ Дооел – Прилеп
Книжарница ДИРИКОН – Кавадарци
Книжарница ПРОСВЕТА – Охрид
Музичка Продавница ЗЗ ТОП – Охрид
Книжарница КИЖЕ ДООЕЛ – Кичево
Книжарница КУТЛЕШ – Виница
Книжарница КЛИО – Струга
Tobacco KUBA – Свети Николе
Дом на Култура – Богданци
Книжарница ХАНИБАЛ – Куманово
Продавница АУДИО ЦЕНТАР БОЛИН – ГТЦ Скопје
VINTAGE SHOP – Ниш (Србија)
DIRTY OLD SHOP – Загреб (Хрватска)
“shtand na otvorenom – Sale Veruda” – Пула (Хрватска)
Софија – (Бугарија):)