• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност
Историски личности

На денешен ден е стрелан Антон Попов-внукот на Поп Стојан водачот на Разловечкото востание за кого немирот и жедта за слобода биле над се

јули 23rd, 2021 Историски личности, Македонска бесмртност коментари 2174

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
На денешен ден е стрелан Антон Попов-внукот на Поп Стојан водачот на Разловечкото востание за кого немирот и жедта за слобода биле над се

„Беснееја на македонската земја разни господари. Срби, Турци, Грци, Бугари… Тогаш, од македонската нива сите тие береа. До денеска само на еден правото не го признаа. Правото на Македонецот да ја ора својата земја и единствено тој да го бере плодот од својата нива. Стариот господар на таа земја, правото на големиот македонски дух-не беше признат.

Историјата на човештвото е полна со неправди…

…Кој ги инспирира настојувањата да се избрише македонското сознание, македонското име,- да не го признаваат правото на македонскиот народ да биде господар и чувар на својата родна земја?… Кој ги поттикнува нивните свирепи мерки, нивното цврсто решение? Кој ги поддржува и оправдува нивните настојувања-плен на угнетување да бидат нивните славјански браќа?”

(Извор: Антон Попов „Дневник“, Млада Македонија, 1938 г.).

Националната жед на Антон Попов

Поставувајќи ги Македонија и македонското прашање во еден национален и меѓународен контекст, Антон Попов забележува дека воспримањето или одречувањето на идејата за македонската нација се оцртува како пробен камен за Македонците и нивната ориентација, за политичкиот пат што треба да се следи, зашто тоа прашање единствено сега може да легне во основата на лозунгот за слободна и независна Македонија. Притоа не заборава да потсети дека црносотниците, агентите на бугарскиот и италијанскиот империјализам ги таксуваат тие повици како српско дело. Тие – вели – одамна се скарале со македонската историја, со традициите во македонското ослободително движење, за да може да се очекува од нив друго становиште. Тие никогаш не биле близу до македонскиот народ, до македонските народни маси, за да можат да ги сфатат настанатите промени во мирогледот и ориентацијата на тие маси, па затоа сонуваат за Велика Бугарија, за обединување на бугарското племе, за животен простор итн. Но за слободна Македонија тие не сакаат ни да мислат, за македонска нација тие уштге помалку сакаат да чујат.

Нагласувајќи дека тие противници на македонскиот национален развиток ги величаат Хитлер и Мусолини и се наполно во услуга на бугарската влада во спроведуваната од неа политика за постигнување на националните идеали, дека засекогаш го загубиле сето свое македонство, Попов и го заклучува своето фрагментарно зачувано излагање со зборовите: „Но, токму затоа што имаме такви противници, токму затоа што Македонија е објект на нови империјалистички посегања, арена на империјалистичкиот фронт, ние сме должни да бидеме со еден непоколеблив и јасен македонски поглед, способни да им дадеме аргументирана заштита на своите убедувања, способни да ги разоткриваме и разобличуваме провокациите и намерите на разните посегнувачи кон Македонија.“

Пораката на македонската младина

Во своите „Попатни белешки и размислувања“, Антон Попов во 1940 година исто така точно ја индивидуализира својата родна земја, својата непреболна татковина. При една од посетите на Пирин, Попов пишува дека тоа е најсвидната личота на мојата земја, наша радост, наша надеж, горда закрила на мојот бунтовен народ. Тој гордо извикнува: „Ние сме на македонска земја, низ солзи наша, скапа за нас со жртвите што ги зема борбата за слобода, со крвта пролеана, триж посвидна станата со борбата на најсвидните чеда на мојот народ за нашата слобода, скапа за нас со едно големо и херојско минато што го споило целиот народ во една борба, една судба, скапа за нас од црните спомени за една жестока и подла братоубиствена борба, станата скапа и непрежалена за сите прогонети од неа што сонуваат родна стреа, родни ниви, родна реч; свидна во нашите занеси, во копнежите да ја видиме таа голема правда за таа разорена окрвавена земја, за тој претепан, поруган, понижен и угнетен и обесправен народ – да биде слободен, да ни биде земјата слободна…“

Оваа голема ода за родната земја, Попов ја завршува со истата интонација и со истата егзалтација дека толку умни се станати овие луѓе од патилата што ги изживеале, та ми се чини дека при првиот обид за поделба на оваа неделива земја тие балкански и вонбалкански грабачи ќе си ги искршат главите во првиот пристап. Затоа што ова не е ничија земја, а просто наша македонска земја, наша таткова земја, земја на рибарите покрај Егејот, на селаните, на орачите, на работниците, на еснафите, на разгонетите наши браќа по светот, на сите македонски луѓе, затоа што тоа е македонска земја така како што е наша крвта што ни блика во жилите, така како што е наша крв и тело идеалот да ја видиме слободна…

Бликната љубов

Речиси истите зажарени национални мисли и чувства кон родната земја и татковината, Антон Попов рафално ги нафрлува и во репортажата „Над Пирин облаците се згуснуваат“, објавена во Литературна критика. Кружочниците се качуваат на врвот Ел-Тепе, па авторот возбуден меѓу другото опишува:Жедно, немо и возбудени сме ги впиле очите во тој топол роден простор.Кој има власт очиве да ни ги натера помалку да искрат љубов кон оваа земја?Кој ја имаа таа власт што да ни ги задржи усните да не ги изговорат зборовите на клетва, на :борба, на верност?… Да ни забрани да го паметиме херојското и големо минато на својот народ и :бескрајно да го сакаме неговиот комитски епос?Не!Никој!Никогаш!

Антон Николов Попов е еден од основачите на Македонскиот литературен кружок, формиран во 1938 година.

Антон Николов Попов (Попово маало, село Игуменец (денес Гега), Пиринска Македонија, Бугарија, 20 октомври 1915 – Софија, 23 јули 1942) бил македонски револуционер, публицист, писател, познат активист на БКП и учесник во илегалниот отпор против фашистичкиот режим во Бугарија.

Неговиот прадедо поп Стојан се доселил од Берово. Тој, како соборец на Иљо Малешевски и учесник во Кресненското востание, бил убиен од Турците. Истата судбина го снашла и дедо му Костадин Попстојанов, војвода на чета во Горноџумајското востание, заедно со неговите двајца браќа. Татко му, учителот Никола Попов, зема активно учество во револуционерните борби, и во 1922 г. бил обесен од разбојниците на Алеко паша.

Основно образование завршил со своето родно село, потоа продолжил во гимназијата во Самоков. Заради учество во ученички марксистички кружок и ширење на марксистички идеи сред учениците на гимназијата бил исклучен и принуден да го продолжи своето средно образование во Неврокоп, каде и го завршил во 1933 година. Не можејќи поради материјални тешкотии да продолжи на факултет, станал учител во Гега и за кусо време создал интернат за 100 сиромашни деца во селото.

Немајќи можност да ги разгрне своите интелектуални сили во својот крај преминал во Софија. Таму работи како новинар. Тој е еден од основачите на Македонскиот литературен кружок, формиран во 1938 година. Во тоа време ја напишал статијата „Дали постои македонска нација“, во која дава образложен позитивен одговор. Антон Попов бил член и на Бугарската комунистичка партија (БКП).

На почетокот на мај 1941 година е мобилизиран во 25 пешадиски полк на Беломорието.

По нападот на Германија врз СССР заедно со Никола Вапцаров стануваат членови на Воениот центар кај ЦК на БКП, каде пројавил вонредна активност. Двајцата се провалени и уапсени од бугарската полиција, осудени на смрт и стрелани на 23 јули 1942 на софиското гарнизонско стрелиште.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Предлог Законот за државјанство како финална етапа во дезинтеграција на Македонија
Следна објава ЗДРАВКО КОЦЕВ „ИЗГОРЕ“ ЦВЕЌИЊА ОД НАД 3 МИЛИОНИ ДЕНАРИ
Може да Ве интересира:
На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание
Македонска бесмртност

На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание

октомври 17th, 2022 528
Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава
Македонска бесмртност

Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава

септември 13th, 2022 887
Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик
Македонска бесмртност

Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик

септември 12th, 2022 910
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 563
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 564
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 797
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 584
Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата
Македонска бесмртност

Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата

август 17th, 2022 1004
Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци
Македонска бесмртност

Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци

август 13th, 2022 536
Жена на денот
Природен гламур низ објективот на самоукиот фотограф

Природен гламур низ објективот на самоукиот фотограф

1574
Маж на денот
Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

1630
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 770
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202236
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202128
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201927
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.