• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност
Култура и традиција

НА ДЕНЕШЕН ДЕН пред 55 години во Скопје згаснува животот на големиот Македонски писател Стале Попов

март 10th, 2020 Култура и традиција коментари 1909

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
НА ДЕНЕШЕН ДЕН пред 55 години во Скопје згаснува животот на големиот Македонски писател Стале Попов

Само земја напатена како Македонија може да роди и израсне неповторливи на никое друго место големи автори во литературата, музиката, сликарството и уметноста воопшто.

Ова нека биде наш своевиден куриозитет за сите минати, сегашни и идни создатели кои во себе го носат автентичниот македонски уметнички израз и креација.

Еден од тие големи автори со сигурност е и Стале Попов.

Роден е на 25 мај 1902 година во малото село Мелница, Мариово, како трето од петте деца на манастирскиот слуга Илија Сталев. Набргу умрела мајка му Неда (1908) и малиот Стале останал на товар на татко му и не многу постарите деца – сестрата Трна и братот Ѓуро, а во меѓувреме умреле и двете деца помали од него. Татко му кој цели 18 години бил манастирски слуга, станал поп во Витолиште и заедно со децата се преселил во ова најголемо и централно мариовско село.

Тука Стале го минал детството, годините исполнети со тежок живот и многу мечти за поубава иднина. Помагал во домашните работи, одел по дрва во блиските планини, а во слободното време со другарите ловел риби во блиските реки.

Тука го започнал образованието кај учителот Бино, кого подоцна често ќе го споменува во неговите дела. На 14 годишна возраст Стале Попов за првпат го напуштил Мариово и дошол во Прилеп, а потоа се вработил во Плетвар.

Во Балканските војни додека вујко му Јован Ѓуров бил кмет во Витолиште, малиот Стале бил помошник писар. Иако поради војните го прекинал школувањето во него не згаснала желбата за образование. Неговите стари, по традиција, биле земјоделци, но меѓу нив имало и школувани. Уште како дете бил сведок на тешкиот живот на своите соселани, кои живееле ропски живот под турските аги и бегови како обесправена раја. Неговите биле малку поимотни и културно поиздигнати, зашто од нив имало и свештеници. Основно образование завршил во селото Витолиште (Мариовско).

Започнал да учи гимназија во Прилеп, а завршил богословија во Битола и Теолошки факултет во Белград. Сепак, тој никогаш не се запопил, а пред Втората светска војна работел како земјоделец, дрвар, овчар, трговец, бакал, службеник во тогашната Народна скупштина, општински чиновник, шумар, тутунски работник.

По завршувањето на училиштето и отслужувањето на воениот рок се вработил во општината во Битола, а потоа и како писар во Духовниот суд во овој град со надеж да се запопи и да го замени татка си на парохијата. Но набргу умрела жена му и тој во два месеца службување ја напуштил Битола и се вратил во родниот крај да се грижи за своите мали деца. Но, немирен дух во 1930 година пак го напуштил Мариово и се преселил во Прилеп каде што се вработил во Пореската управа. И оттука бил отпуштен и кон крајот на оваа година бил преместен во Лесковац каде што работел како полициски писар. Потоа минал во Крушевац, од каде пак се вратил во Битола за, гонет од власта да ја напушти Македонија и да замине во Белград каде што се вработил како висок службеник во Општото одделение на Собранието на Кралството Југославија. Претчувствувајќи го она што набргу ќе се случи точно на 27 март 1941 година го напуштил Белград и се вратил во родното Мариово.

Во текот на НОБ го помагал партизанското движење, додека за време на бугарската окупација на Македонија бил интерниран во Неврокопско (Бугарија). По ослободувањето на земјата Стале Попов станува претседател на Околискиот народен одбор во Прилеп, потоа работи како управник на Шумската дирекција, за потоа, во 1948 година да се вработи како професор по руски јазик во гимназијата „Цветан Димов“ во Скопје. Но кога фондот на часовите по овој предмет бил намален, Стале Попов минал на работа во основното училиште „Браќа Миладиновци“ каде што предавал македонски јазик, историја, биологија и руски јазик. Од ова работно место заминал во пензија во септември 1959 година. По неуспешното лечење во Интерното одделение на Градската болница во Скопје (октомври 1964) и во Нишка Бања (јануари 1965) починал во Скопје на 10 март 1965 година.

Мелничкиот манастир Св. Илија и разрушената куќа на Стале Попов се единствените остатоци од село Мелница. Селото е запустено од нападите на андртските чети во почетокот на XX век
Стале Попов започнал многу рано да пишува, но како писател се оформил непосредно по Втората светска војна. Првите раскази „Мице Касапче“ и „Петре Андов“ ги објавил во списанието „Современост“. Вистинска литературна афирмација доживеал со својот прв роман „Крпен живот“ (1953). Веднаш потоа напишал цела серија свои дела и станал еден од најплодните романописци и раскажувачи во македонската литература. Следната година го издал вториот дел од „Крпен живот“, како и „Опасна печалба“ (1954). Две години подоцна го објавил романот „Толе Паша“, а потоа и „Калеш Анѓа“ (1958), „Дилбер Стана“ (1958), „Мариовскиот панаѓур“ (1961), „Мариовски раскази“ и „Итар Пејо“ (раскази). Во ракопис оставил богато литературно наследство од необјавена проза (раскази и романи): „Шаќир војвода“ (роман), „Необично дете“ (роман), „Доктор Орешкоски“ (роман) и две збирки раскази.

Извори:
1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 209 – 210.
2. Стале Попов, Раскази, Поговор, стр.171, Наша Книга, Скопје, 1988
http://dpmk.org/ss.htm
3. Стале Попов, Раскази, Поговор, стр.171, Наша Книга, Скопје, 1988
4. Стале Попов, Раскази, Поговор, стр.171, Наша Книга, Скопје, 1988.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Ова се препораките објавени во јавност од страна на Венко Филипче за заштита на граѓаните од Корона вирусот
Следна објава Промоција на постхумно издадениот роман "Алтан" од Павлинка Ѓорѓијоска
Може да Ве интересира:
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 581
Колку повеќе го брусат, толку повеќе ќе го има! На денешен ден во 1992 година беше усвоено знамето на Република Македонија
Култура и традиција

Колку повеќе го брусат, толку повеќе ќе го има! На денешен ден во 1992 година беше усвоено знамето на Република Македонија

август 11th, 2022 451
Јонче Христовски е бележит репрезент на душата на Македонскиот народ. Горди сме што го има(в)ме
Историски личности

Јонче Христовски е бележит репрезент на душата на Македонскиот народ. Горди сме што го има(в)ме

април 15th, 2022 828
Македонска бесмртност: Тешкото- оро за тешкиот живот и надежта за подобра иднина на овој народ
Култура и традиција

Македонска бесмртност: Тешкото- оро за тешкиот живот и надежта за подобра иднина на овој народ

јануари 21st, 2022 786
Никола Јонков Вапцаров: ИЛИНДЕНСКА
Култура и традиција

Никола Јонков Вапцаров: ИЛИНДЕНСКА

август 1st, 2021 735
Кочо Рацин: ЗНАЧЕНИЕТО НА ИЛИНДЕН
Култура и традиција

Кочо Рацин: ЗНАЧЕНИЕТО НА ИЛИНДЕН

август 1st, 2020 662
Сонцето е нашиот штит од сите асимилаторски и негаторски пропаганди на нашето постоење
Култура и традиција

Сонцето е нашиот штит од сите асимилаторски и негаторски пропаганди на нашето постоење

јуни 23rd, 2020 787
Македонците од 19 век барале рестраврација на Античка Македонија!
Култура и традиција

Македонците од 19 век барале рестраврација на Античка Македонија!

јуни 4th, 2020 1051
Во чест и слава на Св. Цар Константин и царица Елена, денеска е соборен ден во село Разловци, делчевско
Култура и традиција

Во чест и слава на Св. Цар Константин и царица Елена, денеска е соборен ден во село Разловци, делчевско

јуни 3rd, 2020 1374
Жена на денот
За "чудото од жена" Гал Гадот, Клеопатра била Македонска кралица

За "чудото од жена" Гал Гадот, Клеопатра била Македонска кралица

1207
Маж на денот
Џејсон Кларк - Човекот заљубен во својата мистериозност

Џејсон Кларк - Човекот заљубен во својата мистериозност

1213
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 739
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202230
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202121
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201920
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.