Во Македонија наредниве денови не очекува променливо облачно време, со локален дожд, ќе дува умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од еден до шест, а дневната од 11 до 19 степени.
Следува период на променливо облачно време, на места со повремени врнежи од дожд, а дневните температури ќе бидат во благо опаѓање.
Кон крајот на оваа и почетокот на идната седмица локално ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец.