По повод вчерашната одлука на судот за 17 обвинети во настаните од 27 април , Македонците од Европа се крајно огорчени и ја сметат истата одлука за ништовна и неважечка.
Самиот факт што судството е ставено во целосна владина зависност, кој правно ја легализира неуставноста, ни овозможува да ги сметаме за нелегитимни и како такви и нивните одлуки за невалидни.
Осудените од вчера , стануваат македонски херои за нас Македонците, нивната истрајност и верба во вистинските македонски национални вредности ќе послужат за идејна платформа на македонската држава.
Пример кој ќе се опева во поезијата и раскажува во историјата.
Слобода за Јане, Горан, Југ, Митко…..
Координативно тело на Македонците за протести -Европа Женева,
16 март 2019 година


