Во салата за состаноци на Општина Берово, се одржа јавна консултација, за извештај за животната средина , социјални аспекти и план за управување со животна средина, за проект ,,Рехабилитација на регионален пат, делница Берово- Виница Р1304”.
Финансирањето на овој проект е обезбедено со средства од Светска Банка, преку Јавно претпријатие за државни патишта.
На јавната консултација, беа дадени конструктивни предлози од страна на општинската администрација, како што е поставување на заштитна ограда, на пешачката патека од с. Будинарци, до училиштето и истата ќе биде реализирана по завршувањето со рехабилитацијата.
Активностите за рехабилитација, на оваа доста значајна делница, за сите аспекити од општественото живеење, се очекува да бидат завршени до крајот на месец август 2019 година. – информираат од општина Берово.