GRAMMY наградуваниот продуцент DJ Official е убиен во Лос Анџелес.
Роден е како Лесли Андре Вејкфилд Џуниор, а 26-годишниот Лесли неодамна работел со Карди Б, пред да биде убиен.
Познатиот DJ седел во автомобил со друг човек кога едно возило се возело покрај нив и отворило оган. И двајцата биле погодени од огнено оружје , каде Лесли имал неколку рани и бил прогласен за мртов, додека другиот е во стабилна состојба.
Властите не давале опис на осомничените, но полицискиот службеник Тони Им изјавил дека нападот може да биде поврзан со бандата во Лос Анџелес.
Дедото на продуцентот за NBC Лос Анџелес изјавил: “Сè што направил беше да оди на работа и да се врати дома, тој не припаѓаше на банда или ништо слично”.
Неговата трагична и ненадејна смрт доаѓа само четири месеци откако ја освои Греми за својата работа на албумот на Карди Б “ Инвазијата на приватноста”.
Оваа година тој, тој стана татко на своето прво дете.
Неколку уметници ги пренесоа своите емоции по социјалните медиуми, да му оддадат почит на DJ Official , со многу револтирана содржина, поради причината за неговата смрт.