-Просториите во кои што се одвиа настава со децата од 1-во до 3-то одделение во ООУ “Ванчо Китанов” во Пехчево неколку денови работат без греење, а во незатоплени простории т.н. онлајн настава држат и наставниците од своите работни места. Ваква е реакцијата на повеќе родители чии што малолетни дечиња посетуваат настава во ова училиште.
За овој проблем реагираа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Пехчево кои што ги повикаа надлежните да објаснат на јавноста и на родителите до кога ќе трае ваквата ситуација.
Во продолжение интегрално ја пренесуваме реакцијата од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Пехчево во врска со овој проблем:
“Вчера и денес од разни граѓани и родители на Пехчево добивме реакции и јавувања дека во ОУ “Ванчо Китанов”- Пехчево нема греење веќе неколку дена. Во училиштето се одвива настава на дечиња од 1 до 3 одделение каде се присутни и наставниците што држат online- настава и тие одржуваат настава во ладни училници и во нестандардни услови во време на пандемија.Ги замолуваме надлежните да дадат објаснување за настанатата состојба и да ги известат родителите до кога ќе трае ова. Здравјето на децата пред се тие се нашата иднина. Здравјето на наставниците пред се тие ја даваат иднината на нашите деца.”