• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна
Анализа

Пет месеци војна во Украина. Што понатаму?

јули 29th, 2022 Анализа, Колумна коментари 529

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Пет месеци војна во Украина. Што понатаму?

Војната во Украина влегува во шестиот месец. За Русија и Украина истата се претвори во рутина, а во Европа и Светот војната во Украина се помалку е главна ударна тема. Милиони раселени бегалци и од двете страни. Но конфликтот продолжува со несмалена жестина и се претвори во позициона војна, и наликува на рововските битки од Првата Светска Војна. И двете страни се на ставот дека времето работи за нив и чекаат непријател прв да се предаде. Договорот за извоз на житото од Украина е зрак на надеж дека постои светло на крајот на тунелот. А од друга страна војната си продолжува по својот тек и се заканува да биде долготрајна и по сириско сценарио.

          Војната е продолжување на политиката но со други средства. Сведоци сме на војна на сите нивоа, од реална војна на земја, па се до економска, дипломатска, трговска, идеолошка и културна војна. Војната влезе во ќорсокак, и во овој момент ниту една од двете страни нема доволно воена сила и можност за решавачка победа, а од друга страна ниту една од двете страни не е подготвена за преговори. Со исклучок на Донбас, каде што има реално движење на линијата на фронтот, на останатиот дел од фронтот главно се водат позициони битки. Продолжуваат ракетните напади од двете страни, но со огромна предност и надмоќност на Русија, плус постојаните авио ракетни напади кои што ги спроведуваат воено-воздушните сили на Русија.

          Факт е дека не се остварија генералните воени планови ниту на Русија ниту на Украина (НАТО), и дека двете страни се потценија. Официјална Москва беше уверена дека може брзо да и зададе решавачки удар на украинската армија, и дека истата нема да издржи долго. Плус Москва погреши во однос на воениот одговор на САД и НАТО, и на економските санкции од страна на Европа. Украина и Западот ја потценија воената моќ на Русија, како и флексибилноста на руската економија. Западот беше уверен дека како резултат на санкциите Русија и руската економија ќе крахираат за краток временски период. Но се покажа спротивното. Плус Западот беше убеден дека цел свет ќе застане зад Западот и ќе се приклучи на санкциите кон Русија, но напротив, 80% од светското население живее во држави кои што немаат намера да воведат санкции против Русија.

          Погрешно беше и тврдењето за малиот и безначаен удел на руската економија во светската економија и нејзините текови. Западот тврдеше дека Русија и руската економија со своите 2% учество во светската економија не се закана за светската економија и трговија, но се покажа спротивното, Русија и руската економија имаат директен или индиректен удел во повеќе од 30% од светската трговија и економија. Како резултат на тоа сведоци сме на пад на четири европски влади, вртоглава инфлација на Запад, страв дека Европа зимата ќе остане без рускиот гас, и економиите на голем број на европски држави влегоа или влегуваат во рецесија. Во Западниот блок не постои едногласност во однос на Русија и поддршката на Украина, и се повеќе европски држави се залагаат да му се даде шанса на мирот. И Западот и Русија почнаа да ретерираат од првичните санкции и контра-санкции, и во последно време сведоци сме на разни договори за укинување или ублажување на дел од санкциите, и отстапки од двете страни. Тоа се гледа во Договорот за извоз на житарици од Украина, укинувањето на западните санкции во однос на извозот на житари, храна и земјоделско ѓубриво од Русија, укинување на блокадата на Калининград,  враќањето на турбините на Газпром, како и продолжувањето на соработката во Вселената.

Но од друга страна Западот ја зголемува воената помош за Украина и покрај предупредувањата од Европол и Интерпол дека преку црни канали дел од западното модерно оружје од Украина завршува во рацете на криминалните и терористичките групи. Западот е во исчекување на украинската офанзива на Херсон која што Киев ја најавува со месеци, со цел проценка, дали украинската армија има можност за воена победа или не. Но многумина западни воени генерали и аналитичари се скептични во однос на можноста за офанзива на Украина, и тие се плашат дека украинската армија ќе доживее фијаско и ќе се распадне фронтот на југот, и дека на тој начин за Русија ќе биде отворен патот кон Николаев, Одеса и Приднестровје.

          Додека Западот ја зголемува воената помош на сите нивоа, Русија започна со отворање на воените складови и враќање во борбена употреба на огромни количини оружје и воена опрема од советскиот период, плус Русија и Иран се договорија за испорака на ирански ударно-разузнавачки дронови од разни класи и дронови камиказе за потребите на армијата на Руската Федерација. Наводно, Русија од Иран купила 300+ разни дронови. Судејќи според се, Русија се подготвува за долготрајна војна.

          Се повеќе држави во Европа бараат Германија и Франција да посредуваат помеѓу Русија и Украина и да се постигне мировен договор, или прекин на огнот по примерот на Јужна и Северна Кореја. Русија има за цел до крај да ја спроведе операцијата за ставање на Донбас под своја контрола, и после победата во битката за Славјанск и Краматорск, Русија ќе излезе со предлог за мировен договор до Украина и до Западот. Доколку Украина и Западот го одбијат предлогот на Русија, најверојатно ќе бидеме сведоци на тотална војна, а политиката на Западот дека „Украина треба да победи по секоја цена“ мож да го доведе светот и до нуклеарна војна, во која што нема да има победници и победени, а сите ќе бидат поразени.

Пишува: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

  • Ознаки
  • Дарко Тодоровски
  • Колумна

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Јавен повик за доставување предлози за доделување награда на Општина Кочани за значајни остварувања за развојот на Општината и награда за животно дело
Следна објава Известување за изведување работни активности и асфалтирање на кружен тек кај „Национал“ во Кочани
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 408
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 407
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 357
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 422
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 353
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 698
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 459
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 506
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 526
Жена на денот
Дакота Џонсон- една од најатрактивните и најталентирани млади актерки во Холивуд

Дакота Џонсон- една од најатрактивните и најталентирани млади актерки во Холивуд

874
Маж на денот
Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

1798
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!
Македонија

Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!

Авг 6th, 202122
"Убиството на Никола Саздовски и тоа како е поврзано со Договорот за името"
Македонија

"Убиството на Никола Саздовски и тоа како е поврзано со Договорот за името"

Јул 11th, 201822
Победа на ВМРО-ДПМНЕ против обидот за незаконско назначување за член на Регулаторната комисија за енергетика
Македонија

Победа на ВМРО-ДПМНЕ против обидот за незаконско назначување за член на Регулаторната комисија за енергетика

Мар 25th, 202222
Соопштение на здружението "Здравје со игла не влегува"
Македонија

Соопштение на здружението "Здравје со игла не влегува"

Јан 20th, 201921
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.