На 88 годишна возраст денеска почина францускиот актер Жан Пол Белмондо (Jean-Paul Belmondo). Овој актер кој се стекна со светска слава во почетокот на 60тите и текот на 70 -тите години од минатиот век е најпознат по неговата улога во револуционерниот класик од Новиот Бран на Жан Лук Годарт- филмот “Без здив” (Breathless).
Белмондо чиј што прекар Bébel му го дале француските фанови е еден од најголемите ѕвезди на францускиот Бокс офис со својот карактеристичен груб изглед беше во контраст во префинетиот изглед на неговиот колега Ален Делон а со тоа имаше своја специфична публика во ерата на класичните филмови во Франција.
Жан Пол Белмондо е роден во 1933 година во едно од побогатите предградија на Париз. Посетувал елитни приватни училишта но не поминал најдобро со своето образование. Во своите тинејџерски години покажувал извесни афинитети кон спорт во областа на боксот. По повеќе обиди бил примен на Националната академија на драмски уметности во 1952 година, а после дипломирањето започнал со својата актерска кариера во театар. Оттука си обезбедил помали филмски улоги во филмови од крајот на 50-тите години на минатиот век. Во 1959 година во режија на револуционерниот француски режисер Жан Лук Годарт го снимил филмот “Без здив” (Breathless) кој му донел висок углед кај критиката и светска слава.
Но како и неговиот колега Ален Делон, Белмондо сакал да се фокусира на француската кинематографија. Играл услогинаспроти најзначајните женски актерки во неговото време како што се Софија Лорен и Клаудија Кардинале.
Кон крајот на 80-тите години од минатиот век неговата филмска слава почнала да бледнее со што Жан Пол Белмондо се вратил на своите улоги во театарот.
Во 2001 година актерот преживеал срчев напад и не снимаше повеќе филмови се до 2009 година кога играше улога во филмот “Човек и неговото куче”.
Пред една година актерот во јавност бил забележан на погреб на негов колега-комичар. Пред три недели аактерот беше фотографиран на роденденската забава по повод неговиот 88 роденден.
Жан Пол Белмондо бил женет два пати.
Смртта на актерот денеска ја потврди неговиот адвокат во јавноста.