Општинската администрација на ЕЛС МАкедонска КАменица е дел од проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите кој што го спроведува Агенцијата за интернационален развој на САД во Македонија.
Зтанува збор за подобрување на капацитетите на општинските служби за текот и реализацијата на јавните набавки во општината од моментот на започнување на подготовка на самата јавна набавка па се до нејзината крајна исплата на економскиот оператор од страна на општина МАкедонска Каменица.
“ Општина Македонска Каменица изготви Процедура за извршување на расходите на буџетот на општината со поддршка на Проектот на USAID North Macedonia за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.
@Димчо Атанасовски – Градоначалник на општина Македонска Каменица со претставници од одделенијата за финансии, јавни набавки, човечки ресурси, локален економски развој, урбанизам, животна средина и комунални работи имаа можност да се информираат повеќе за:
-Иницирање на постапка за јавна набавка,
-Следење на реализација на договорот за јавна набавка и
-Исплата на финансиски обврски согласно на договорот за јавна набавка.
Процедурата придонесува кон стабилно финансиско управување и контрола во работењето на општината. На тој начин се намалува ризикот од грешки, измами, непочитување на регулативата, како и ризикот од неоткривање на овие неправилности.
Донесената Процедура за раздвојување на должностите во процесот на извршување на буџетот на општината ќе овозможи едно вработено лице или организациона единица да не ги контролира сите значајни фази на определена постапка. Тоа значи дека секоја постапка треба да биде прегледана од две меѓусебно независни лица.
На тој начин општината ќе обезбеди ex-ante финансиска контрола, преку проверка на точноста и усогласеноста на сите документи кои се однесуваат на финансиските активности согласно законската регулатива, а пред нивното извршување.”
-информираат од работната група на проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите. кој што го спроведува УСАИД Македонија