Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во своето гостување во емисијата “Студио 10” на ТВ 24 со домаќинот Мишко помеѓу повеќето актуелни прашања разговараа и за наметнатиот проблем во кој што се најде заглавена Македонија, како резултат на попустливата и полтронска политика на Зоран Заев заедно со целокупната дипломатија на државата олицетворена пред се во ликот на Никола Димитров.
Дополнително византиските игри и нетранспарентноста на целиот процес наметнати од страна на владата на Заев, влева уште една нишка на недоверба кај јавноста во Македонија за намерите и исходот на самиот овој процес.
-Не е возможно таканаречениот нон-пејпер да излезе во Австрија, а да не го знае никој во Македонија, како е возможно во Бугарија и Каракачанов, и Захариева и Борисов да даваат по пет изјави дневно за ова прашање, а во Македонија да нема никаква изјава, како е возможно во Бугарија претседателката на опозиционата партија да биде за информирана и да имаат консензус во однос на прашањето со Македонија, а ние да дознаваме од вести, никој не не информирал за ништо,
-соопшти Александар Николоски.
Притоа Николоски го изнесе ставот на партијата дека поради лошите политики на власта предводена од Зоран Заев, Македонија се наоѓа заглавена во евроинтегративните процеси под жестоки уцени и закани на бугарскиот државен врв, токму како резултат калкулантскиот и недржавнички однос на Зоран Заев.
“Не можам да се сложам со политиката на политичкото милје во Македонија, кои на проблемите им пристапуваат од позиција на инфериорност и дека така мора, сметам дека може поинаку, а во случајот со Бугарија ако Македонија има средени проблеми внатре ќе биде далеку пред Бугарија и ќе има далеку поголем притисок кон Софија, затоа што Европската унија сака средени држави, но за жал Македонија во моментов не е.
Ако гледаме краткорочно за жал нема да ја добиеме оваа битка со Бугарија.
-Мислам дека на долг рок можеме да ја добиеме, но треба повеќе храброст, средување на домашните работи и добар лобинг надвор,”
– го најави можниот тек на настаните по ова прашање Александар Николоски.
Бугарија има право како и секоја ЕУ членка да го блокира напредокот на Македонија дури и во момент кога се започнати преговорите со усвоена преговарачка рамка за членство на Македонија во европското семејство на нации каде што реално припаѓа.
Инаку Александар Николоски важи за еден од најдобрите познавиачи на приликите и политичките процеси во Европската Унија, во огромен дел преку своите контакти и интензивна соработка со претставници на владеачката EPP партија во ЕУ.