Целокупната Македонска јавност во изминатите три ипол години на јавна сцена можеше да биде сведок на уривање на Македонската држава по сите столбови на нејзината државност.
Покрај промената на името, историјата, идентитетот, автентичната самобитност на Македонскиот јазикеден од главните удари врз државотворноста на Македонскиот народ е неговото целосно дефакторизирање, понижување и осоромашување.
Актуелната старо-нова власт предводена од Зоран Заев со целата своја клептоманска енергија удри по стандардот на граѓаните, веројатно поучена од поразителните методи низ историјата за контрола на јавното мислење дека ако го доведат населението до егзистенцијална криза полесно ќе се одржат на власт, и покрај нивната поразителна неспособност за исполнување на се она што го ветија за граѓанитет.
Така ветениот “живот” стана кошмар, “воздухот” стана еколошка катастрофа а “бесплатното европско здравство” стана жетва на приватните клиники врз маката и сиромаштијата на граѓаните во услови на руинирано и погазено јавно здравство.
За овие теми меѓу другото од прва рака зборуваше Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во утринската емисија на ТВ АЛФА кој најдиректно ги разобличи таргет точките кои што негативно се одразуваа/т на квалитетот на живот на Македонските граѓани.
По изгласувањето на вториот овогодишен ребаланс на Буџетот на владата на Зоран Заев проектираната дупка во буџетот е безмалку речиси 1 милијарда евра што ќе доведе до најголемиот пораст на задолжувањето на државата во тек на целото нејзино постоење воопшто.
Погледнете ги загрижувачките податоци кои го карактеризираат владеењето на СДСМ под диктат на Зоран Заев во фрагментот од емисијата во продолжение:


