Претседателот Иванов заедно со сопругата г-а Маја Иванова, денеска присуствуваше на свечената церемонија по повод инаугурацијата на Претседателот на Република Турција, г. Реџеп Таип Ердоган во Анкара.
Македонскиот претседател му честита на Претседателот на Република Турција г. Ердоган за победата и за постигнатиот успех на предвремените претседателски и парламентарни избори и му посака успешно извршување на претседателската функција. Претседателот Иванов се заблагодари за сета досегашна поддршка од Република Турција, и изрази уверување дека и во наредниот период ќе продолжи силното пријателство и соработката меѓу двете земји.
информираа од кабинетот на Претседателот.