Познатиот српски новинар Борис Малагурски на фејсбук сподели неколку снимки од протестите во Белград.
Ова е четврт протест на опозицијата во Белград кој е најмасовен од сите до сега.
Протестот беше најавен како граѓански протест во вид на протестна прошетка кој започна во 18.00 часот со собирање на граѓани пред платото на Филозовскиот факултет во Белград. Половина час пред протестот во центарот на Белград се слушале свирчиња и зурли а можело да се забележат и граѓани во жолти елеци.






