Во соопштение на Руската мисија при ОБСЕ од саботата, се вели дека прашањето за името ќе биде тема за разговор на Советот за безбедност на ООН.
Лукашевиќ за развојот на состојбата во Македонија: Граѓаните на Македонија “гласаше со нозете”, суштински одбивајќи да излезат на референдумот на 30-ти Септември и да го поддржат преименувањето на земјата со цел за влез во ЕУ и НАТО. Информациите собрани од ОБСЕ мисијата во Скопје, ги ставаат под знак прашалник легитимноста на гласањето во Парламентот на Република Македонија на 19 Октомври, за амандманите на уставот во однос на стандардите за демократија. Апелираме САД и ЕУ да го напуштат курсот на мешање во внатрешните работи во Скопје, што стана стандардна пракса од 2016 година и да престанат да ја игнорираат волјата на 2/3 од Македонците кои одбија да го поддржат Договорот од Преспа. Решението за името на Македонската држава треба да се базира на правни основи, на широка поддршка и во исто време да не се подели општеството. Претпоставуваме дека проблемот со името на Република Македонија ќе биде разгледано од Советот за безбедност на Обединетите Нации во согласност со параграф 3 на резолуцијата број 845 на Советот за безбедност на ООН.
-стои во соопштението на Руската мисија во ОБСЕ
Руската амбасада во Македонија ги потврди ваквите информации во свое кратко соопштение.
Шефот на мисијата на Русија во #ОБСЕ Александр #Лукашевич: “Одлуката за името на #Македонија треба да биде базирана на правни основи, на широка поддршка, а нема да го дели општеството. Претпоставуваме дека прашањето за именување на Република Македонија ќе биде разгледувано од Советот за безбедност во согласност со Резолуцијата 845 на Советот за Безбедност, параграф 3.”


